Само рандом споредба, во Германија на автопат нема мачки, кучиња, петли и кокошки (излез од Скопје кон Велес, од десна страна), нема диви животни, одрони што стојат по цел ден, ѓубре (лименки, пластични шишиња, ќеси), дупки непополнети, дупки лошо пополнети, нема цигани со раскапани коли што возат 40кмх на средна лента, нема пијани возачи што возат непредвидливо, итн итн. Само дел од работите на кои налетуваме сите низ автопатите во Македонија. Колку и да си добар и внимателен возач, не можеш да постигнеш да внимаваш на сите препреки што ги нудат македонските патишта.
Има ли автопат во Македонија каде што можеш да возиш над 150 и да си безбеден ти и тие околу тебе? Мене ми е страв и 120 да возам заради причините од горе, а верувам има и други причини што не ми текнуваат во моментов.