Имаат ваљда некои денови каде имаат нулта толеранција. Мене ме пишуваше за 53 во 40 зона, иако е булевар. Дечкото до мене го имаа сопрено со Јамаха Р1, го измериле 47, и него казна му пишуваа. Им вика дечкото, де бе, зар за 47 ке ме пишеш, и ја прснав да се смеам. Провлеков картичката, скинаа чинам 23 евра, и секој по својот пат. Смешното е што навечер на истиот булевар, 200 возат со мотори.