Тргна оваа година на лошо ...дали е до Шкодата или друго треба да се размислам :|
...
Викендот ме сопре полиција поради претекнување на полна линија и добив казна по Член 50 ст 3 = 150 евра .
Прав пат со прегледност , местото каде почнав да претекнувам беше со испрекинати линии , но испадна дека се за вртење лево ..итн
Mи ја пишаа таа од 150 евра- без забрана , а не таа од 250 евра + со таа имало и забрана Член 30.
Во членот по кој е пишана казната не се споменува за забрана, но на други места каде што е споменато претекнување на полна пишува дека се пишува и забрана до 12 месеци .
Прашањето е :
Дали ќе добијам забрана ?
Мислам дека тука читав дека судот или МВР не се сеќавам, може да се жали и да побара да се пиши забрана ...