Автор Тема: Случки со полиција, казни, судови итн  (Прочитано 1822213 пати)

Отсутен Ambrosia

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 8
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #13485 на: 25 Септември 2024, 00:51:52 am »
Здраво, здраво.
Пред година ипол некаде ме фатија со 0.7промили алкохол, и нели како што е процедурата платив во рок од 8 дена, и отидов на суд после неколку месеци. Одлуката што ми стигна беше дека ми ја земаат само 30 дена иако според закон е 3-6 месеци како и што беше наведено (значи без никакви врски и пријатели, и јас пријатно се изненадив). Беше наведено дека го ценеле моето признавање на вина, искреноста и плаќањето во даден рок, исто така и тоа што станува збор за мала количина алкохол и што сум млада личност. Меѓутоа 2-3 дена после тоа ми стигна жалба, од полиција или не знам ти каде не биле задоволни од одлуката, бидејќи биле само 30 дена а требало 3-6 медеци, и поднеле жалба до апелационен Битола. Ме интересира сега што да очекувам, дали жалбата може да биде одбиена, дали да чекам со скрстени раце или да одам да ја дада возачката во полиција? Стварно не ми е јасно. Бидејќи откако ми стигна забраната јас веќе требаше да ја предадам возачката, што планирав да го направам утре, ама сега ми стига жалбава?! Треба да чекам нова одлука ??

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6601
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #13486 на: 25 Септември 2024, 08:31:44 am »
Да штом е обжалена одлуката, ќе си чекаш нова одлука.

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7244
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #13487 на: 25 Септември 2024, 08:47:58 am »
0.7 промили не е мала количина. Ама ај, ти си знаеш.

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6138
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #13488 на: 25 Септември 2024, 09:16:18 am »
Штом е обжалена пресудата, не е правосилна.

Врз основа на тоа, не можеш да впишеш забрана без правосилност.

А секако ќе ти ја преиначат пресудата, минимум три месеци ќе ти биде. После таа кога ќе стане правосилна, тогаш ќе впишеш забрана.

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5468
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #13489 на: 25 Септември 2024, 10:10:57 am »
Судијата бил Симп, видел девојче па ае нека тера, среќа му дошол умот па ја оправил работата
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14241
  • Пудингот на шоферството
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #13490 на: 25 Септември 2024, 10:11:47 am »
Полицијата се жали на одлуката на судот.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Присутен Jimny

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1904
  • Skriven i ćutljiv crv rešeta moćno drvo.
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #13491 на: 25 Септември 2024, 10:42:40 am »
Земи адвокат во овој случај одлуката на судот е во твоја полза, во мвр имаш од келнери,шофери ниту еден со високо образование горе доле ке ти кроји капа или така му паднало на памет ,земи адвокат во право си ти и ке си решиш проблем

Отсутен Спенсер

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7371
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #13492 на: 25 Септември 2024, 11:01:15 am »
Полицијата се жали на одлуката на судот.

Кур да го утепа тој што ја обжалил пресудата за 0.7 ;D 

Против алкохол и вожња сум нормално, ама копилињата нека се фатат за работа да ги опраат шерифите што поминуваат со 150км/ч на црвено у сред град, а не некоја сирота душа со 0.7 што дувнал. Месец днеа е ок забрана, таман си е. Веќе над 1, тогаш е посериозно.

Куров ми ленче ебате.

Присутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6375
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #13493 на: 25 Септември 2024, 11:22:18 am »
Мора чупево на ред да го научат оти гледаш другите сила земаат.

Отсутен Ambrosia

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 8
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #13494 на: 25 Септември 2024, 11:49:18 am »
Судијата бил Симп, видел девојче па ае нека тера, среќа му дошол умот па ја оправил работата

СудијКА беше 8)
Како што напоменав, нити пријатели барав, ништо. Ме праша дали сум имала нешто во своја одбрана, ни тоа немав спремано  ;D. Не дека не се во право, ама и не дека ми падна лошо ко видов 30 дена искрено :-/ . Има некакви шанси да ја одбијат жалбава или да се опростам мин.3 месеци?

Присутен Jimny

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1904
  • Skriven i ćutljiv crv rešeta moćno drvo.
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #13495 на: 25 Септември 2024, 12:13:34 pm »
Почитувана што аутомобил возите? да не над дозволена коњажа

Отсутен Ambrosia

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 8
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #13496 на: 25 Септември 2024, 12:28:47 pm »
Почитувана што аутомобил возите? да не над дозволена коњажа
80kw

Присутен Jimny

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1904
  • Skriven i ćutljiv crv rešeta moćno drvo.
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #13497 на: 25 Септември 2024, 12:36:02 pm »
Почитувана што аутомобил возите? да не над дозволена коњажа
80kw

Да не имавте од претходно забрани?


Отсутен Ambrosia

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 8
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #13498 на: 25 Септември 2024, 12:37:16 pm »
Почитувана што аутомобил возите? да не над дозволена коњажа
80kw

Да не имавте од претходно забрани?
Не, ништо.. Ова е прво. Пишуваше баш и на одлуката дека не сум претходно казнувана воопшто.

Присутен Jimny

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1904
  • Skriven i ćutljiv crv rešeta moćno drvo.
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #13499 на: 25 Септември 2024, 13:04:35 pm »
Почитувана што аутомобил возите? да не над дозволена коњажа
80kw

Да не имавте од претходно забрани?
Не, ништо.. Ова е прво. Пишуваше баш и на одлуката дека не сум претходно казнувана воопшто.

Очигледно полицаецот има нешто против тебе (лично) судот донел одлука во твоја корист и на таа можеш да се отповикаш исто така верувам дека поминуваш кроз тежок стрес можеш и тоа да наведеш и посетиш лекар- исто така да поднесеш пријава против лицето за вознемирување во случај полицајецот кој те санкционирал со кој што и понатаму продолжуваат да те малтертираат,и при судска донесена одлука- ангажирај адвокат во најдобар случај