Полиција (претрес, закон за претрес, багаж):
Сопирање, легитимирање, преглед односно претрес на лица, превозни средства и багаж
Член 61
Полицискиот службеник е овластен да изврши сопирање, легитимирање, преглед односно претрес на лице, превозното средство и багажот кој лицето го носи со себе, кога тоа е неопходно заради пронаоѓање на предмети за напад или самоповредување или кога постојат основи за сомневање дека кај нив ќе се пронајдат предмети кои потекнуваат од кривично дело или прекршок, траги на кривично дело или прекршок или предмети што можат да послужат во кривична или прекршочна постапка.
Под преглед на лица, превозни средства и багаж се подразбира, надворешни проверки на облеката и други предмети, превозното средство и багажот, но не и дејствија со кои нешто што не е видливо се прави видливо со отворање, отпакување или слично.
Полицискиот службеник може да изврши преглед на лице, превозно средство и багаж на место коешто не е видливо, доколку лицето над кое се врши преглед (облека и други предмети), односно неговото превозно средство или багаж, на барање на полицискиот службеник доброволно го отвори, отпакува или слично, местото кое не е видливо.
Преглед на лице може да изврши само лице од ист пол, освен во исклучителни случаи кога е неопходен итен преглед на лице, заради одземање на оружје или предмет подобен за напад или самоповредување.
При прегледот полициските службеници се овластени да користат технички средства или службено куче без заштитна маска.
Царина: (претрес, закон за претрес, багаж)
Член 32
(1) Царински службеник може да запре и изврши претрес и преглед на:
1) секое транспортно средство што влегува во, го напушта или се
подготвува да го напушти царинското подрачје;
2) секое транспортно средство што влегува, останува во или ја напушта
царинската контролирана зона и
3) секое транспортно средство, освен оние на кои се однесува точката 1)
и/или точката 2) од овој став, на целото царинско подрачје за кое царинскиот
службеник има основани причини да се сомнева дека:
а) пренесува царинска стока, акцизни добра,104 забранета стока или
стока која може привремено да се одземе и
б) било или ќе биде вклучено во повреда на Царинскиот закон или некој
друг закон за чие спроведување е надлежна Царинската управа и може, со
примена на сила во мерка примерена на околностите, да влегува во сите
делови на транспортното средство и да ги отвори сите оддели, прегради и
други места и може да изврши преглед на стоките што се наоѓаат во
транспортното средство.
(2) Лице кое го врши транспортот или ги пренесува стоките наведени во
ставот (1) од овој член, треба да одговори на сите прашања на царинскиот
службеник во однос на превозното средство и стоката која се транспортира
или пренесува и, доколку тоа го побара царинскиот службеник, треба да ја
стави стоката на увид, да поднесе документирани докази и да овозможи
преглед на истата.
(3) Доколку е потребно, царинскиот службеник може да побара од
лицето од ставот (2) на овој член, да го пренесе транспортното средство до
соодветно место за преглед и претрес. Трошоците настанати во врска со
пренесувањето на транспортното средство не паѓаат на товар на Царинската
управа.
(4) Царинскиот службеник може, тогаш кога тоа е оправдано со оглед на
околностите, да го интервјуира секое лице кое би можело да има каква било
104 Службен весник на Република Македонија бр. 120/18
информација за дејствијата и околностите опишани во ставовите (1) и (2) од овој
член.
Еве ви ги членовите тука не дај Боже да ви требаат. (ставив зборчиња за полесно пребарување)
Значи можете да одбиете џандар да не отворате ништо.
Царинарник не можете да одбиете.