Според членов нема одземање, ама тоа што си потпишал за црвено те јебе. Мене исто ми направија лани декември, ама се молев, на крај попуштија. Тие инсистираа црвено да стои во записникот, јас инсистирав жолто да стои. Им викам пишете жолто нема проблем ке платам казна, тие не црвено, се натегавме натегавме на крај пуштија душа, видоа дека не ги лажам, од глупост поминав на последно трепкаво зелено и прво жолто и ме пуштија. На крај полицаецот ми рече имаше среќа бла бла, да не ти се повтори, ако ти пишевме црвено ке ти ја одземевме дозволата. Е сега законот не вика такво нешто, ама има логика и да одземаат, зошто поминување на црвено е сериозен престап. Така да пиши апдејт што ќе ти се случи.
Член 43
(1) На крстосница и на друго место на кое сообраќајот е посебно регулиран со
уреди за давање светлосни сообраќајни знаци, светлосните сообраќајни знаци за
учесниците во сообраќајот ги имаат следниве значења:
- црвено светло - забрана на минување,
- зелено светло - слободно минување и
- жолто светло - забрана на минување, освен за возилата кои во моментот кога
ќе се појави жолто светло се наоѓаат на таква оддалеченост од светлосниот знак
што не можат на безбеден начин да се запрат, а да не го поминат тој знак, а за
другите учесници - забрана на минување, освен за оние пешаци кои веќе почнале
да го преминуваат коловозот.
Службен весник на Република Северна Македонија Редакциски пречистени текстови
29 од 174
(2) Жолтото светло запалено истовремено со црвеното светло, служи за
предупредување на учесниците во сообраќајот за блиското престанување на
забраната на минување и за појавата на зелено светло.
(3) Жолтото трепкаво светло ги обврзува сите учесници во сообраќајот да се
движат со зголемена претпазливост.
(4) Зеленото трепкаво светло служи за предупредување на учесниците во
сообраќајот за блиското престанување на слободното минување и за појавата на
жолто, односно црвено светло.
(5) Прекршочен платен налог со глоба во износ од 250 евра во денарска
противвредност, ќе му се издаде на возачот кој постапува спротивно на одредбата
од ставот (1) на овој член.