И јас не знам зошто потпишувате како попчиња...
Нејќам да потпишам, не се слагам со пријавеното и чао - чао, се гледаме на суд.
За да не дојде да се докажуваат кој е во право, дали си бил на таква одалеченост или не си бил, најлесно им е црвено. Зошто црвено е црвено, нема што да се докажува понатака.
А зошто да не дојде да се докажуваат? Ти се поставуваш сега во позиција на цајканот и ајде сега "нема што да се докажува понатака".
Зошто да не се докажува, која е пречката? Има да им барам сведоци, снимки од камери, да видиме дали сум бил на растојание кога сум можел/не можел да закочам на жолто. Без сите тие докази останува зборот на службено лице против твојот. На суд и со ОК адвокат (не сам да се браниш како будала) не се докажува така баш лесно зборот на цајканот,
Имам турнато на суд казна за нарушување јавна чистота (седев на клупа каде што веќе некој претходно јадел сончоглед и имаше лушпи по земајата, дојдоа и не пишаа, нормално не потпишав ништо).
Цајканот не можеше да докаже дека лушпите се од мене и така заврши случајот. Епа за ова ме фати инат, не пак за прекршок како „поминување“ на црвено.
Исто, пробаа да ме пишат зошто бев паркиран обратно (колата беше паркирана како и сите други коли, но обратно поставена помеѓу нив) во едносмерна улица.

Пробаа да ми докажат дека сум се ДВИЖЕЛ обратно по улицата, а колата стоеше паркирана. И викаат - Е сега како ќе ја извадиш? Викам во рикверц ќе терам до крај на улицата... и се чудат. Абе ненормална работа.
Бунете се луѓе доколку сметате дека навистина сте во право и по закон, не дозволувајте да ве јаваат и да земаат бонуси на плата заради нивните норми за казни.