Еве ја и мојата случка од пред 10 години и тоа по дочекот на Нова година
Си возам лабаво накај дома од Центар кон К.вода, речиси никаков сообраќај околу 2 по полноќ, се приближувам до семафорот каде се вкрстува еднонасочната Христо Татарчев со Борис Трајковски.
Се пали жолто, да кочам или да продолжам, ај ќе се протнам, и така нема никој, и си продолжив со иста брзина, кога слушам полициска свирка и на ретровизор гледам ротациони светла, си возеле џандарите позади мене и жив ме фатија
Застанав на автобуската карши Тинексот, малку убедување де жолто, де црвено, па као и јас да се стави во записник жолто инаку не потпишувам...сите злочинци тврдат дека се невини
Во еден момент ми текнува за можноста 50% да се плати, и згора ако им текне да ми дадат да дувам (имав попиено 3,4 чаши виски, но од око точени, не со дозер
) па да излезе над 0,50, и прекинав со натегањето, потпишав, некој ден потоа платив 50% и прикаската заврши.
Инаку за жолтото, кога ќе видам дека ќе светне жолто, на одалеченост од две возила пред мене, си застанувам. Доколку сум на булевар и има паралелно со мене возило кое одлучува да не застане, без исклучок возилото поминува на црвено, односно возачот не ни приметува дека се запалило црвено бидејки се наоѓа веднаш под семафорот, а неретко поминува уште едно улетано возило позади него, е тој па е во дебело црвено.
Доколку ги застане полиција, тие се длабоко убедени дека поминале на жолто, бидејки тоа и го виделе последно пред да почнат да ја преминуваат крстосницата, потоа полицијата кабает...
Оттука, убеден сум дека навистина сум поминал на црвено таа вечер и дека полицајците поштено си ја извршувале задачата.