Си беше еден април во далечната 2017та година и решив во 1 часот по полноќ да се провозам на бул. Словенија. Во 2016та скоро секоја вечер поминував тука, често и побрзо возев, ама никогаш сум немал проблеми. Изгледа ми бил судниот ден (или вечер тогаш).
Како што возев на лева лента со 90тина km/h, позади мене се залепи старо Ауди А4ка и ми блендираше да се тргнам за да ми престигне. Се тргнав во десна лента, ме престигна Аудито и на семафорите (кај Мида/KFC што и да има сеа тука) не фатија двајцата на радар. Со него се поздравија, пола минута, мене ме казни за брзо возење

И прилепските таблици во равенката ако ги ставиш, ќе сфатиш зошто добив 50 негативни.
Додека ме испрашуваше и ослепуваше со ламбата во фаца и во гепек да не имам нешто „суспектно“, тука прелетаа двете M6-ки на црвено кои постојано се тркаа. Порано додека живеев во Карпош, постојано навечер на Партизанска се тркаа, па така ги научив. И го прашав полицискиот службеник зошто јас сум запрен, а не тие? Тој беше као „да не се грижиш за нив“
Fast forward, уз муабет со Жаре, нели при редовна визита, ми кажа дека секако ќе одам на суд за одземање на возачката. И баш тоа се случи крајот на 2019та, на домашна адреса ми стигна пресуда, без да се појавувам на суд, со црвена дрвена боичка напишано зАдОлЖиТелНо
Имав као поволност - да си одберам кои три месеци од наредната година (оваа 2020та) да ми биде возачката одземена. И одбрав као одма да биде, зимава 2020та, да не ја мислам после тоа. Па како бидна ситуацијава, се утепав возење, ене ја уште стои под липи во Центар.