А да... Безбедносниот појас е направен за директната безбедност на оние кои се во автомобилот, а не за осигурителните компании да вадат пари (што според мене е жива глупост)... За ВАША безбедност се работи (и на вашите најмили претпоставувам), па вие видете како ќе праите...
Муабетот е зошто со закон јас да бидам обврзан во моја кола да сум врзан со појас,во спротивно следува казна?
Не знам, вештачко всадување совест и осет за сигурност? Не можам да испроцесирам зошто некој не би сакал да тури појас, што е ствар што може буквално живот да ти спаси, па најискрено не знам како да одговорам на ова прашање...
@Kimi R: Финците имаат фантастични тестови за полагање за возачка... Не е само крукче околу Дебар Маало, или каде и да полагаш, туку имаш слалом, возење на мокра подлога, на замрзната подлога, контрола на возило во случај на извртување, рационално користење на рачна итн итн... Затоа ги бива