Да се надоврзам малце на неколку муабети...
Добар дел од новите (или барем поновите) возила, на секое седиште имаат појас во 3 точки. Појасот во 2 точки е исклучен од употреба (особено на предните седишта) малтене уште при појавувањето на самиот појас. Мислам дека Волво баш имаа тестови и видеа, што многу убаво покажале дека појас во 2 точки, многу поверојатно ќе те убие, отколку што ќе те заштити.
Појасот во 3 точки е сосема друга приказна... Направен е со цел да го „залепи“ телото за седиштето, во случај на незгода. Мене во една опасна ситуација (со големо комбе и со многу силно кочење), се случи појасот да ми остави некоја 10 сантиметарска модрица, во пределот на клучната коска, од што јако ме затегна. И не, воопшто не се жалам за таа модрица, пошто знам дека ако не бил појасот што ја направил таа модрица, многу веројатно дека ќе летнев низ ветробран, и ќе ви праев муабет преку Heaven (or Hell
) Telecom.
@chlink: Муабетот со носење појас при големи брзини... Како сакаш прави, возрасен си, ама муабетот дека си „побезбеден“ ако не го носиш појасот, според мене, уопште не ти држи вода. На горенаведените брзини од некои 150 km/h, ако се случи директен судир, тешко веројатно дека било што може да биде од помош... Ни појаси, ни ербези ни бутур... Тука постојат шанси ако Ангелот чувар не е на пиш пауза, пошто иначе, тешко веројатно... Меѓутоа, ако при толкава брзина, настане ситуација да мораш интензивно да кочиш, или да маневрираш и менуваш правец, верувај дека е подобро да си врзан и ти, и сите во колата, пошто иначе ќе се дешава pinball внатре во кабина.
Исто така, ако колата почне да се превртува, претпоставувам дека е подобро појасот да ве приклешти во седиштето, отколку уште на првото вртење, главата да се сретне со кровот, додека тој има блиска средба со патот или ендекот, па да се деси дееволутивен процес, директно во стадиум „Безкичмењак“, пошто отидоа вратните пршлени јабана...
А да... Безбедносниот појас е направен за директната безбедност на оние кои се во автомобилот, а не за осигурителните компании да вадат пари (што според мене е жива глупост)... За ВАША безбедност се работи (и на вашите најмили претпоставувам), па вие видете како ќе праите...