Мн филмои гледате дечки, пукање у воздух/нога, билдери полицајци, тепање, бркање со коли, пајкански..

У 2020 нема потреба да се збори за вакви каубојски работи. Ко што кажа
@vlatko.klp , им се купува на полицајците по еден тејзер и сите билдери, пијаници ќе паѓаат ко риби на суво

Само што работата е у полиција од Груевото, ги напикаа сите мафијаши, лопови и што не у полиција и сега искочија други поголеми мафијаши од нив, па неможе да се справат. Ќе има уште многу тепање на полицајци као последица на вакви напикани луѓе у полиција што појма немаат што работат. Никаде не се прима полицаец на работа со криминално досие, но кај нас пола од полицајците имаат поголемо досие од еден примерен граѓанин. Има теорија дека криминален ум размислува на друг начин, гледа како да се снајде у дадена ситуација и да упика нешто ако може.
Да не ми се нафрли некој што го спомнав "севишниот", овие моментално уште бетер се, барем да седнеа да очистеа малце прашина у полиција, они вработуваат уште поголеми дудуци..
Да споредам Швајцарска полиција, немам видено постар полицаец на улица да се појави. Сите на терен се испод 40 и нешто години. Еднаш отиднав у полициска станица да пријавам нешто и гледам сите постари полицајци си работат у администрација. Кај нас мијалкови инспектори со 20-30 години искуство ги фрлаа у гранична полиција и по патроли за да ги малтретираат на 50 и нешто години..
Тоа е дечки...намалете очекување и страсти за исправна полиција. Оваа денешна полиција е посеана пред 10 години и за жал уште се сее. Ќе жнееме последици наредни 30 години