Автор Тема: Случки со полиција, казни, судови итн  (Прочитано 2426868 пати)

Отсутен Silvester

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1924
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #10905 на: 22 Мај 2020, 08:29:02 am »
Полицајците треба да ги почитуваат законите при постапување, но треба и да исполнуваат одредени физички предиспозиции. Пример машко да биди минимум 175цм високо, женско 165. Исто така треба да бидат и спремни, при тестирање за примање во полиција треба да истрчаат 3.2км за 12тина минути (за машки), најмногу склекови што може да направи за 1 минута (не помалку од 50тина) и сл.

Добри се закониве, само не се почитуваат и самите полицајци што не се спремни се ставаат во опасност да бидат натепани од поагресивни и поголеми дечки. Ама и за тоа има чаре, затоа полицискиве службеници никогаш не одат сами на интервенција, минимум 2ца а многу почесто 3ца. Колку сака нека е голем проблематичниот, ако се 2ца спремни го совладуваат па што сака нека биде. Плус имаат и пендраци кои и те како онеспособуваат.

Исто така голем проблем е и против кого постапуваат, имаат страв од тоа што после?! Државата и надредените не ги штитат воопшто. Еднаш ќе постапат како што треба, ќе ги опоменат дека тој бил овај и овај, не го чепкај. Ќе постапат уште еднаш па и тој да ти бил некој шо потплаќа некого од рекетот што го собира. И така се губи желбата кај младиве полицајци да работат и да постапуваат по законот и кодекс на полициска етика. Некои од младиве воопшто не пробале да работат како што треба бидејќи учат од постарите полицајци (тоа е проблем во мвр кој не може да се искорени) кои ги разочаруваат уште од старт дека не треба да работат како што ги учеле дури биле на обука 9 месеци, дека сето тоа е џабе и уште од старт се демотивирани.

  www.malservis.mk - сѐ за твојот автомобил!

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7241
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #10906 на: 22 Мај 2020, 08:51:41 am »
Затоа треба тестовите што се при упис да се повторуваат по случаен избор во времтраење на кариерата. Ако не ги исполни, да има 3 месеци да се пдобри ако не или прераспределба или аут (ако нема причина здравствена)
А не секој џандср постар од 35 е ко 7 месец труден

Отсутен WorM

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 618
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #10907 на: 22 Мај 2020, 09:07:33 am »
Мн филмои гледате дечки, пукање у воздух/нога, билдери полицајци, тепање, бркање со коли, пајкански.. :)
У 2020 нема потреба да се збори за вакви каубојски работи. Ко што кажа @vlatko.klp , им се купува на полицајците по еден тејзер и сите билдери, пијаници ќе паѓаат ко риби на суво



Само што работата е у полиција од Груевото, ги напикаа сите мафијаши, лопови и што не у полиција и сега искочија други поголеми мафијаши од нив, па неможе да се справат. Ќе има уште многу тепање на полицајци као последица на вакви напикани луѓе у полиција што појма немаат што работат. Никаде не се прима полицаец на работа со криминално досие, но кај нас пола од полицајците имаат поголемо досие од еден примерен граѓанин. Има теорија дека криминален ум размислува на друг начин, гледа како да се снајде у дадена ситуација и да упика нешто ако може.

Да не ми се нафрли некој што го спомнав "севишниот", овие моментално уште бетер се, барем да седнеа да очистеа малце прашина у полиција, они вработуваат уште поголеми дудуци..

Да споредам Швајцарска полиција, немам видено постар полицаец на улица да се појави. Сите на терен се испод 40 и нешто години. Еднаш отиднав у полициска станица да пријавам нешто и гледам сите постари полицајци си работат у администрација. Кај нас мијалкови инспектори со 20-30 години искуство ги фрлаа у гранична полиција и по патроли за да ги малтретираат на 50 и нешто години..

Тоа е дечки...намалете очекување и страсти за исправна полиција. Оваа денешна полиција е посеана пред 10 години и за жал уште се сее. Ќе жнееме последици наредни 30 години

Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9034
  • Возач без обзир. Безобзирен возач.
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #10908 на: 22 Мај 2020, 09:12:38 am »
Остај сомнителните. Овие ќотек што јадат може се од тие што со години земаа плата, а не одеа на работа.

Се улежале луѓето, немаат стамина...
Министерство за транс, поп и виски.

Отсутен WorM

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 618
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #10909 на: 22 Мај 2020, 09:17:19 am »
Остај сомнителните. Овие ќотек што јадат може се од тие што со години земаа плата, а не одеа на работа.

Се улежале луѓето, немаат стамина...

Точно и такви има.
Само поентата е дека полиција треба да користи тактика, не сила. Чисто едно видео (може го имам постирано претходно) како полиција се справуа со агресивен чоек.
Два три спреја у фаца и појма нема кај се наоѓа.


п.с Остај овие што се ненормални и се појавуаат 15 души у времетраење на видеово

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10598
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #10910 на: 22 Мај 2020, 09:29:52 am »
Пукање во нога/рака само во стрипови. Ликовите немаат артерии, вени, нерви, коски.

Отсутен Silvester

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1924
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #10911 на: 22 Мај 2020, 09:39:49 am »
Остај сомнителните. Овие ќотек што јадат може се од тие што со години земаа плата, а не одеа на работа.

Се улежале луѓето, немаат стамина...

Точно и такви има.
Само поентата е дека полиција треба да користи тактика, не сила. Чисто едно видео (може го имам постирано претходно) како полиција се справуа со агресивен чоек.
Два три спреја у фаца и појма нема кај се наоѓа.


п.с Остај овие што се ненормални и се појавуаат 15 души у времетраење на видеово

Добра тактикава ама чекаа 16 мина да дојдат па да постапуваат. Сепак во пракса изгледа не им е безбедна штом бараат толкава помош.
  www.malservis.mk - сѐ за твојот автомобил!

Отсутен Ordevski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2013
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #10912 на: 22 Мај 2020, 10:13:30 am »
Случка со полицаец пациент. Дечкото е како да излегол од виц :)

Доаѓа вчера, се по пропис, се мие, дезинфицира и седнува на столот, ама не ја вади маската и следи прашање:
- Докторе, да ја вадам маската или може преку неа да ми ставиш пломба?


Sent from my YAL-L21 using Tapatalk


Отсутен Спенсер

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7610
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #10913 на: 22 Мај 2020, 10:22:39 am »
Луѓе дај не зборете глупости, се знае што е полиција и како треба да се однесува. Самите полицајци се неспособнии тоа е тоа, никој друг не е крив. Ова кај нас е бљувотина, и допрва ќе биде само полошо.

Отсутен WorM

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 618
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #10914 на: 22 Мај 2020, 10:26:16 am »
Добра тактикава ама чекаа 16 мина да дојдат па да постапуваат. Сепак во пракса изгледа не им е безбедна штом бараат толкава помош.

Па кога ќе размислиш, зашто не изгледа безбедно? Која тактика ти би ја предложил у ситуацијава?
Скок пук?
Побезбедно е да испукаат куршум у воздух кој што може да заврши у некое дете на 5 километри у слободен пад?

Повикале засилување пошто не знаат чоекот што може да има у него. Што ако има нож, побезбедно е да му скокаат и да се тепаат? По логиката од прошлите одговори треба или да му скокаат со боксови, мајагери или да пукаат со пиштоли некаде.

По мене лично, најбезбедно справена ситуација е кај што нема ризик за никого а лицето е онеспособено.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55240
  • Махер
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #10915 на: 22 Мај 2020, 10:36:15 am »
Тејзери и гумени куршуми се стално ефикасни според указиве на полицајците.

Исто и шаржер полн со 3 гумени, а надоле со шуплив врв е исто така решение.

Има разни решенија. Сепак мислам дека во случајов мислеле дека е вооружен и си го спасувале својот живот пред да си ја работат работата.

Отсутен vele85

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 591
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #10916 на: 22 Мај 2020, 17:48:12 pm »
Завчера ме  застанува во движење јас бев со комбето, застанувам.
Што носиш?
Кондиторија .....
Јас мислив  јогурт носиш
Еј 15 ден е јогурче ......

Sent from my SM-A105FN using Tapatalk


Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55240
  • Махер
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #10917 на: 22 Мај 2020, 17:49:57 pm »
Може сакал литро.

Отсутен Спенсер

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7610
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #10918 на: 22 Мај 2020, 20:54:29 pm »
Завчера ме  застанува во движење јас бев со комбето, застанувам.
Што носиш?
Кондиторија .....
Јас мислив  јогурт носиш
Еј 15 ден е јогурче ......
Sent from my SM-A105FN using Tapatalk

Стави му рицинус со шприц и дај му јогурт. ;D   мамицата гладна ненаситна никогаш ненајадена и ненапиена, лешпери. :D


Отсутен Дибидус

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1758
  • Veritas Vos Liberabit
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #10919 на: 23 Мај 2020, 01:24:20 am »
Тејзери и гумени куршуми се стално ефикасни според указиве на полицајците.

Исто и шаржер полн со 3 гумени, а надоле со шуплив врв е исто така решение.

Има разни решенија. Сепак мислам дека во случајов мислеле дека е вооружен и си го спасувале својот живот пред да си ја работат работата.

Одамна се немам вклучено и прво што читам е ваков ретко бистар пост. Која мудрост човече.
Brains are awesome. I wish everybody had one.