Автор Тема: Случки со полиција, казни, судови итн  (Прочитано 1822205 пати)

Отсутен Спенсер

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7371
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #10845 на: 24 Февруари 2020, 14:42:35 pm »
Едино решение да се плати 2-300 евра на некои наркомани да го прекршат од ќотек. ;D :D Кога државата не функционира... :)

Отсутен pirat_07

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8107
  • Rural fuckin society - we live in!!!
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #10846 на: 24 Февруари 2020, 16:40:36 pm »
1. Не ја повлекувај тужбата!
2. Ако треба терај ја и на апелација!
3. По добиена правосилна пресуда, дај ги на извршител. Гарант ќе се опаметат со блокирани сметки, а за дел од делата според досиеата, некој може да се врати во затвор а некој може и да му се придружи.
4. Пак тужи ги по друг основ.
5. Дополнително малтретирај ги континуирано и викај полиција редовно.

И ако се реши, пак малтретирај ги, гази врз нив.

Јас имав исто многу проблеми, ќе ме запалеа, убиеја, ме пријавија за узурпација на тротоар - безуспешно.
Ги решив сите, и тие што имаат мака сега поговорка му е: Диме е за вас само мајката. Кога ќе паркира некој пред порта, од комшии трчаат да го предупредат да не се паркира таму оти иде полиција...

Корави сте Кавадарчани
Јави ми се ако имаш потреба.

Отсутен AUDI

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2204
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #10847 на: 24 Февруари 2020, 19:29:49 pm »
Тужбата денес како што кажав се повлече,не сакам јавно да кажам поради која причина и кој беше ''иницијатор'' на тоа.
Во записникот се наведе дека се извинуваат,дека во иднина нема да навредуваат,закануваат или навлегуваат во мојот двор и да ги подмират судските трошоци.
Ако продолжат со провокации,закани,навреди и се поднесе тужба овој записник ќе се земе во предвид и казните ќе бидат поригорозни.

Советуван сум и од адвокатот за најмала ситница да пријавувам во полиција и ако нешто се прави континуирано  со другар,пријател  како сведок кој ќе виде и слушне да се спреме нова приватна тужба.

Дека сме корави не би рекол,само не планирам да си го трошам времето за луѓе кои од мајка, татко,браќа и сестри  кренале раце.

Имам едно прашање до поупатените.

Како што кажав,имам купопродажен договор на парцела од 490м2.
Дел од дворот од 100м2 кои со некој план од 1975 е предвиден за проширување на  улица но никогаш ниту реализиран,ниту се има план да се реализира,ниту пак општината ми го има платено односно не е направена експроприација.Во процедура е земјиштето да си го вратам назад по основ на поранешна сопственост,односно земјиштето си го користам,купено е 1990 година и стое како такво до ден денес.Соседот сака,барем така вика да влезе во мојот двор за да си го мачка граничниот ѕид,дали има право или не?
Drink Russian, Drive German, Wear Italian, Kiss French, be MACEDONIAN!!!

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34067
  • Таков е животот... јебига
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #10848 на: 24 Февруари 2020, 20:24:26 pm »
@AUDI тури им нешто во водата. Difficult times require drastic measures

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7244
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #10849 на: 24 Февруари 2020, 20:47:43 pm »
Проблемот почнал кога си почнал да правиш отстапки на почетокот, и увиделе дека можат да те малтретираат зашто си фин. Во скапаново државиче ако покажеш слабост, иако во твојов случај си се обидел човечки да решиш проблем, ке ја помераат таа граница дур не се мрднеш. Се надевам дека договорот од денес ке ти го испочитуваат.

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7050
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #10850 на: 24 Февруари 2020, 21:23:13 pm »
Ако не пише вака некој, нема да си свесен колку понекогаш си среќен што имаш нормални комшии. На крајот на денот, не е важно што се по националност, туку што луѓе се.

Јас освен околу моментот со ДН, не знам како би можеш да ти помогнам.
Таа материја со денационализација (ДН) мине добро позната, па можам само да ти кажам дека не знам зошто сте комплицирале, едноставно предмет на ДН не може да биде имот кој е во владение на физичко лице. Иако во Катастар се води на РМ, реално е дека голем дел од имотот се уште не е откупен. Вие имате право на владение. Во ниеден случај не може тој имот да ви биде одземен и даден на други корисници.
Ова, ако добро те сфатив.

У цела прича со комшиите, иронично е што ако ти на ним им направиш 10% од тоа што они на вас ви го прават, до сеа полиција одма ќе реагираше подрастично а не со молби и желби.
Политичката припадност за жал сеуште е мерило за правда.

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6686
  • Бенве сие бенве
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #10851 на: 24 Февруари 2020, 21:58:01 pm »
ВМРО е криво

Sent from my SM-G973F using Tapatalk


Отсутен pirat_07

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8107
  • Rural fuckin society - we live in!!!
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #10852 на: 25 Февруари 2020, 01:08:26 am »
Криво е и вмро и сдсм. Двете си имаат такви битанги за валкани работи, на кои битанги редовно му помагаат да го избегнат законот. Да не ти се пружи шанса да го осетиш на кожа.

Ауди, корави ти се комшиите и те како.
Нареден кикс, газење ѕверски. Ни извинувања ни курац.

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2324
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #10853 на: 25 Февруари 2020, 08:26:15 am »

Соседот сака,барем така вика да влезе во мојот двор за да си го мачка граничниот ѕид,дали има право или не?

Како што се сеќавам а гледајќи и реални примери, од тебе зависи дали ќе му дадеш да го користи твојот двор за да си го среди ѕидот. посебно ако ѕидот му е на меѓата. Ако му дозволиш, размисли дали и тебе во иднина ќе ти треба некоја услуга поврзана со имотот на комшијата, па направете взаемен договор. Луѓето се менуваат, ретко некој да си стои на зборот.
Претпоставката е мајката на сите заебувања

Отсутен pirat_07

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8107
  • Rural fuckin society - we live in!!!
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #10854 на: 25 Февруари 2020, 09:13:20 am »
Мислам дека мораш да му дадеш да си го мачка ѕидот. Можеш моментално да го запреш, но со асистенција од општина, ќе ди заврши работа.

Отсутен AUDI

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2204
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #10855 на: 25 Февруари 2020, 11:25:13 am »
Работата е за провокација,за ништо друго.Граничното ѕидче кое е некои си 50цм високо од моја страна и е старо некои си 50 +години и е од  бетон и никогаш до сега кога односите беа да речам добри не беше барано тоа,сега се бара и како што кажав само за провокација,или за сценирање навидум некое оштетување за можна тужба.
Веќе ги научив на што целат.Од адвокатот мој дознав дека овие неколку недели упорно барале застапник адвокат но никој не им се нафатил,знаејќи ги какви се.

Минатата недела направиле скандал,го паркирале возилото а не платиле паркинг па им ствиле канџа,па почнале да ги навредуваат тие вработените.
Пред некој месец исто биле повикани од МОЈ ОПШТИНАР поради некои глупости што ги правеле,па повикани кај Градоначалникот.
Дознавам некои работи за кои ни на крај памет на човек нема да му текне дека човечко суштество е спремно да оди до такви крајности.


Во план ми е  да си направам мое ѕидче на некои си 5цм од неговото,или нешто да си импровизирам со бетонски колци и мрежа.

Пред некој ден ги слушнав како разговараат случајно,бидејќи им кажав уште кога почнаа овие глупости дека ќе си направам мој граничен ѕид,дека штом ќе го направам тие да го рушеле нивниот за да добиеле на простор.


До пред некое време не можев да сванам како може родитител да се откаже од своето чедо,но сега полека сваќам.

« Последно менување: 25 Февруари 2020, 11:31:06 am AUDI »
Drink Russian, Drive German, Wear Italian, Kiss French, be MACEDONIAN!!!

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54953
  • Махер
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #10856 на: 25 Февруари 2020, 12:08:27 pm »
Медицината потфрлила кај голем број комшии.

Отсутен Baraban

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 54
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #10857 на: 26 Февруари 2020, 19:32:50 pm »
Здраво
Денеска ме допре полиција не пропуштив пешаци на пешачки они беа позади мене и ме допреа, ми запишаа податоци во еден тефтер и ги прашав дали ќе има казна вика може ќе ти стигне дома може нема. Е сега прашањево е како ја да знам дали ќе има или нема да има. И ако може да ми кажете како функционира тоа, пошо до сега никогаш ме сум бил казнет. Инаку ова се случува во Скопје, а јас сум од Тетово возилото е на фирма.

Присутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6375
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #10858 на: 27 Февруари 2020, 07:27:05 am »
Зет ми го фатија на мобилен дури вози, па казна исто одма нема туку преку суд треба да му стигни, така го разбрав.
Пола казна за 8 дена можи и нема повеќе да ја платиш.

Некој пресно казнат нека кажи поточно.

Отсутен tomaso

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2160
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #10859 на: 27 Февруари 2020, 09:44:34 am »
А дали потпишале нешто?
Мене минатата недела на Плетвар ме застанаа, направив прекршок, си признав вина, ме праша дали ќе потпишувам да му реков.Не ми даде ништо да потпишам само во тетратка запиша податоци и ми рече гратис ти е ова.
Не знам дали ќе ми стигни честитка дома.... Порано за казна сум потпишал ливче во два примероци.