Многу избрзуваш со заклучоци. Како и многу членови на форумов..
Океј, фала ти што издвои малку време.
Ретко некој нешто корисно да искоментира лејтли. Стануваме жолта штампа со елементи на сатиричен стрип.
Пробував да го задржам духот и да те осудам предвреме
Како и да е, се шегувам, немам намера да се ситам и слично, незнам за што и како си осуден, ама тоа е тоа, пресудата е донесена и не гледам друга опција освен да си го одработиш своето. И јас сум бил во ситуација каде 3 месеци останав без возачка и секако дека според мене барем, не бев ја крив, но не и според МеВеРе-то, ама си ја однесов возачката и во тие 3 месеци едвај чекав да поминам граница и да возам со меѓународна.
После таа казна, секако сум многу повнимателен во сообраќајот и не само повнимателен, туку и повеќе попуштам и оставам другите да кршат глава.
P.S. Имам дури и 4 викенди чистено парк како казна за нарушување на јавниот ред и мир, оддавање на психотропни сустанци на јавен простор и оставање на остатоци и ѓубре на истиот тој јавен простор. Нормално, ова беше тешка глупост, неколкумина пиевме пивце на клупа на форум во центар, ама некој не пријавил дека му сметаме и соодветно бевме казнети од другарот полицаец. Уредно си се пријавував секоја недела во 8 сабајле во паркови и зеленила.