Автор Тема: Случки со полиција, казни, судови итн  (Прочитано 2105425 пати)

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6993
  • Бенве сие бенве
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #10635 на: 04 Ноември 2019, 07:29:32 am »
Вчера од штип кон велес си возам 100тка и едно копиле 2м не држи растојание од мене,  и му давам ишарет да ме мине или да се оддалечи и гледам не реагира. Нагазив малку џандарите ме запреа понатаму. Среќа немаа радар, инаку изгорев пак. Ја не знам возачкиве на луѓево у смоки ли им се паѓаат...

Sent from my SM-G973F using Tapatalk


Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 44370
  • Il Moderatore
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #10636 на: 04 Ноември 2019, 08:35:19 am »
Што не намали на 70 за да те помине.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2469
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #10637 на: 04 Ноември 2019, 08:35:40 am »
Клабери, писмено предупредување (стоеше ПРЕДУПРЕДЕН) над местото за потпис  - не е казна, така?

Некој?  :D

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22224
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #10638 на: 04 Ноември 2019, 09:05:42 am »
Ако нема сума, нема ни казна.

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2469
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #10639 на: 04 Ноември 2019, 09:10:20 am »
Ако нема сума, нема ни казна.

Глупости, не сум почитувал предност на минување... Немаше сума.

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6993
  • Бенве сие бенве
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #10640 на: 04 Ноември 2019, 16:25:38 pm »
Што не намали на 70 за да те помине.
Намалив, немаше ефект

Sent from my SM-G973F using Tapatalk


Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5140
  • The Spartan General
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #10641 на: 04 Ноември 2019, 18:13:05 pm »
Тоа што ти се случило е многу честа појава во Македонија. Најчесто, најголем дел од возачите го прават сосема несвесно и не разбираат сигнали кога покажуваш дека оставаш простор да те престигнат. Толку разбираме, за жал или за среќа.
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен Johnny625

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 195
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #10642 на: 04 Ноември 2019, 18:15:24 pm »
Епа возите модерни коли на кој издувот на лаванда им мириса. Многу нормално дека така ќе ви се лепат...


Само 1.9 тди бајо мој газиш еколошка катастрофа по тебе, не па некој да ти се лепи на 2 метра xD

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6993
  • Бенве сие бенве
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #10643 на: 07 Ноември 2019, 08:06:22 am »
Тоа што ти се случило е многу честа појава во Македонија. Најчесто, најголем дел од возачите го прават сосема несвесно и не разбираат сигнали кога покажуваш дека оставаш простор да те престигнат. Толку разбираме, за жал или за среќа.
Еве го со комбево надвор од град на обиколниот пат околу велес.  Дури и далеку е на сликава, често светлата не му ги гледав од што беше близу зад мене, а позиционирани се доста високо. На секое прикочување очекував да ме удри, така околу 6км.
По 2-3ч се возам со детето и брзиот беше со мене, возам полека 30 некаде и ја отпуштам гаста да се спремам да запрам на пешачки. Зад мене тој што беше со поло ме престигна револтиран оти ги пуштив пешаците и ќе ги изгазеше за влакно.

Sent from my SM-G973F using Tapatalk


Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22224
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #10644 на: 08 Ноември 2019, 18:13:26 pm »
Еднаш, само еднаш во животот на еден ваков ептен упорен сум му прикочил, сум го оставил да ме помине и после 15 минути душа му вадев позади него.
Чисто да осети малку како е.

Ауди А6 беше, накај Охрид.
Двапати излета со десни тркала од патот во обид да се одлепи .
Среќа на време ми дојде памет  дека  ради тоа може  камче да ми заврши во шофершајбна, па го пуштив напред.

Нормално, може се брзал човекот.
Не?


Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10576
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #10645 на: 08 Ноември 2019, 18:46:03 pm »
Тоа што ти се случило е многу честа појава во Македонија. Најчесто, најголем дел од возачите го прават сосема несвесно и не разбираат сигнали кога покажуваш дека оставаш простор да те престигнат. Толку разбираме, за жал или за среќа.
За штедња на бензин, имаат мит бсстерс глеано

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10312
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #10646 на: 08 Ноември 2019, 18:54:37 pm »
Некни, возев по обиколница кон Миладиновци. Непосредно пред исклучување од обиколницата кон Куманово претекнував фина колона со 140 и имав во план да си ја задржам левата лента, да намалам брзина и да се исклучам.
Еден со Пасат се залепи позади мене и почна да ми блендира. Веќе бевме на успонот од петлето и си реков ќе го пуштам нека крши глава, се престроив на десна лента, кога и тој се престрои. Бев приморан наврат нанос уште еднаш да се престројувам на лева лента за да не го пропуштам излезот кон Куманово.

Се прашувам што сакаше типот да постигне со блендирањето и дали беше свесен дека се наоѓавме на петлето каде секако мора да се намали брзината и да  се фати соодветна лента во зависност од тоа каде си се упатил.

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6993
  • Бенве сие бенве
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #10647 на: 08 Ноември 2019, 19:18:17 pm »
Тоа не е ништо, денеска на пластичарска во тој пола саат што го изгубив како примерен возач видов ситуации кои што не е можно да се опишат а да не се вмеша виша сила. Поминување на црвено, трчање меѓу коли, возење ви контра насока со 100тка и за чудо никој не се удри или погина...

Sent from my SM-G973F using Tapatalk


Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8893
  • Малерозен дрводарец
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #10648 на: 08 Ноември 2019, 21:48:55 pm »
Се прашувам што сакаше типот да постигне со блендирањето

1. Да покаже дека има мало куре
2. Да покаже дека е сам на овој свет, ама пак сака другите да го видат колку е јак. Парадокс.
3. Да покаже дека е говедо.
Министерство за транс, поп и виски.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34294
  • Таков е животот... јебига
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #10649 на: 08 Ноември 2019, 22:22:00 pm »
Вчера ме застана полиција кај Св Николе. И испадна сообраќајната ми ја нема, сум ја изгубил некаде. Сеа треба да ја најдам или да вадам нова. Рече дека казната е 50 евра за неносење на сообраќајна ама рече дека сум му изгледал како некој на кому не би требало да му објаснува.... и ме пушти ;D

Фин човек, полицаецот.