Ви бил понуден не сте се договориле за цена, дошол друг ги купил. Што е проблемот?
Претпоставувам дека погрешно го интерпретираат членот од законот.
„При отуѓување на гаража што се наоѓа во составот на зградата или на градежното земјиште што
на зградата й служи како целина или само на некои делови од зградата, во случај кога
отуѓувањето се врши одделно од отуѓувањето на станот, првенствено право на купување имаат
сопствениците на становите како посебни делови од зградата, а по нив закупците на становите
во истата зграда.“
@koce1102 - Ова не значи дека другите сопственици во зградата имаат
ексклузивно право, туку дека имаат
првенствено право.
Како што рече
@DarthJe5us погоре - ви биле понудени гаражите, не сте се договориле за цена. Првенственото право ви било испочитувано, а вие не сте го искористиле. Дошол друг и си ги купил гаражите. Чиста работа.
По која цена ги купил тој што конечно ги купил... Тоа не е ваша работа, ама ич.
