Првпат на форумот? Добредојдовте, и погледнете ги правилата!CARclub.mk е достапен и на Facebook како и на Twitter!
Проверено, мене ме фукнаа 300 евра и забрана од еден месец. Мислам дека платив 150 евра.Казната е забрана од 3 до 6 месеци ама јас на суд имав расправа. Мојот случај не беше претекнување на полна линија туку заобиколување на ТМВ.На суд заклучија дека треба да ме ослободат ама за да не се комплицира ситуацијата со апелации и глупости од страна на сообраќајна полиција ми пресудија само еден месец наместо 3.
Цитат: Tischläufer на 28 Август 2018, 23:29:55 pmПроверено, мене ме фукнаа 300 евра и забрана од еден месец. Мислам дека платив 150 евра.Казната е забрана од 3 до 6 месеци ама јас на суд имав расправа. Мојот случај не беше претекнување на полна линија туку заобиколување на ТМВ.На суд заклучија дека треба да ме ослободат ама за да не се комплицира ситуацијата со апелации и глупости од страна на сообраќајна полиција ми пресудија само еден месец наместо 3.Ако си бил ослободен, требало да одиш до крај. Вака не си крив, ама си ебан за секој случај (профилактика).
Одење до крај е многу повеќе болно отколку да ми одлежи возачката месец дена во ќорка.Судиката ми рече дека ако ми ја укине казната дека сообраќајна полиција Тетово ќе ја обжали пресудата и ќе ја даде на друг суд некаде каде за инает и да не стане праска, ќе ме фукнат до година дена + судски трошоци извадени од ракав, за да не ми текне друг пат да барам правда. Целта на полицијата е да обезбеди финансии, не да тера правда или безбедност во сообраќајот, таков беше заклучокот на судиката.
Kameri nema ima dzandar piknat vo shumata i slika. Normalno se javuva dolu na kolegite da te zastanat.Sent from my Redmi 5 Plus using Tapatalk
Цитат: Tischläufer на 28 Август 2018, 23:35:48 pmОдење до крај е многу повеќе болно отколку да ми одлежи возачката месец дена во ќорка.Судиката ми рече дека ако ми ја укине казната дека сообраќајна полиција Тетово ќе ја обжали пресудата и ќе ја даде на друг суд некаде каде за инает и да не стане праска, ќе ме фукнат до година дена + судски трошоци извадени од ракав, за да не ми текне друг пат да барам правда. Целта на полицијата е да обезбеди финансии, не да тера правда или безбедност во сообраќајот, таков беше заклучокот на судиката.Шајзе. Испланирај барем период кога нема да ти треба возачката дозвола (или си во странство).
Откако ќе стигне пресуда за забрана управување колку време имам за да ја однесам возачката за да ми ја одземат впишат забраната? Башка и кај да ја однеасам појма немам?Sent from my SM-J500FN using Tapatalk
Да прашам овие што снимаат со камери и не застануваат пишуваат казни ? И доколку пишуваат како ги праќаат ?
Цитат: BraneMKD на 30 Август 2018, 16:18:04 pmДа прашам овие што снимаат со камери и не застануваат пишуваат казни ? И доколку пишуваат како ги праќаат ?Кај нас не постои начин да добиеш казна врз основа на слика или снимка без да бидеш легитимиран од службено лице.Во случај да си направил прекршок, и да те има документирано на снимка службеното лице, но те НЕМА застанато на легитимирање и пополнување на записник не ти можат ништо.Кратко кажано, и да те снимиле уживај си.Ова важи само за територија на Македонија, за во странство исказот од погоре не го земајте како вистинит. Таму практикуваат други методи.