Законот гласи,задолчително носење на заштитна кацига,и според него сум крив и нема што да се правдам.Скутерчето во петокот е регистрирано,трета регистрација и сите се на 31 август.
Имало акција за проверка на моторцикли,во ист кош бев со уште 7-8 скутерчиња од кои неколку ниту беа регистрирани,ниту тие што ги управуваа беа полнолетни и не беа положени и тие беа пуштени,немаа лични карти,само тие како мене не пишаа ,а неколку вртеа звонеа по пријатели и едниот го пуштија,за тие 10 минути додека ми ја пишуваа казната.
Казната е 50 е,ако се плати во рок од 8 дена е 25е.Интересен е фактот што за велосипедисти носењето на заштитна кацига не е задолжителна а истиот може да постигне и поголема брзина од 50цц скутерче.
Боли фактот што казните се селективни.Не ги казнуваат сите.И според мене голема глупост е тоа што уплатницата потребно е јас да ја однесам во полициската станица за прекршочната постапка да заврши.