Не ми текнува кој од клаберите имаше проблеми со ПОЦ во Скопје, па како надоврзување на тоа ќе наведам две случки, едната кај нас а другата во Софија.
Случка број 1 во Куманово. Локација: паркингот во центар кај театарот. Пуштам смс и наместо КП-1234-АБ сум пишал КУ-1234-АБ. Се враќам за 15 минути кога гледам канџа. Го прашувам тој вработениот тука зашто канџа, вика не сум платил. Му ја покажувам пораката и вика се убаво ама си ја згрешил регистрацијата. Викам, па добро бе има ли друга кола на паркингот со таква регистрација. Нема, значи сум бил чесен, сум платил и притоа ненамерно сум згрешил една буква. Додека се убедувавме дојде негов колега кој единствено може да ја отклучи канџата ама нејќеше да чуе. Морав да платам 1000 ден казна и пишав приговор. По приговорот ми одговорија после година и неколку месеци и нормално ми го одбија.
Случка број 2 завчера во Софија на општински платен паркинг. Се паркирам и до мене седи човек во кола. Го прашувам како се плаќа, вели или со смс или кога ќе дојде вработениот со жолт елек лично на него, еден лев еден саат. Го оставам малиот во кола и му давам два лева и одам да бркам работа на едно 50 метри од колата. После саатипол гледам службена кола паркирана до мојата, гепекот отворен и внатре канџи а двајца со елеци околу мојата кола. Си реков бугарска работа ќе ме стават у нервози. Доаѓам до кај нив, гледам на колата немаат канџа ставено, ги прашувам дали малиот им платил и тој едниот ми вика дека не е платено ама не е проблем, нека си седи малиот во кола. Им понудив да си платам ама не сакаа уопште да чујат за плаќање. Додека завршив работа уште саат време помина.