Првите две што ги набројав, едната кај граничните полицајци со таа трафиката што чури како локомотива и другата после обиколницата каде што те сликале за успомен и дуго сечање, мислам дека се само обични бројчаници, мерат проток на сообраќај. Порано никогаш не сум внимавал на ограничувањето тука и не ме имаат глобено за тоа, т.е ниту на граница ми кажале дека имам сторено прекршок ниту на домашна адреса нешто ми има стигнато. Можно е и да грешам па да ги користат и за глоби. Во последно време тука си возам како што треба.
Таа кај Невестино е строго за казнување и слика. Наместена е на 1.80 - 2 метри висина и така добро е вклопена во средината што треба добро да се загледаш да ја видиш а не е воопшто сокриена. Ќе ставам локација кога ќе сум на компјутер.