Автор Тема: Случки со полиција, казни, судови итн  (Прочитано 2104966 пати)

Отсутен Chlink

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8540
  • alfa 156 1.8 t.s & alfa 159 2.4 jtdm
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #9075 на: 04 Април 2018, 02:10:43 am »
Абе имаше нешто брат. Знам го коментиравме доста. Знам дека и го употребив пред полиција ама ми кажаа као у стил за такви и такви возила е. Знам имаше муабет...

Барај под збор: „обиколување“
Под 20км/ч не е претекнување туку обиколување.
Не дава Миле, или ме дупи нешо срчов на пдф во...

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6814
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #9076 на: 04 Април 2018, 07:39:45 am »
Цитат
122. „Обиколување“ е возење покрај запрено или паркирано возило или друг објект што се наоѓа на сообраќајната лента по која се движи возилото;


Цитат: Член 53
(1) Возачот кому му е даден знак за престигнување од неговата лева страна е должен да го помести своето возило кон десниот раб на коловозот.
(2) Возачот не смее да ја зголемува брзината на движењето на своето возило, за време додека го престигнува друго возило.
(3) Ако заради недоволната ширина на коловозот или неговата состојба не е можно престигнување без загрозување на сообраќајот, возачот на возилото што се движи побавно од возилата што се движат непосредно зад него, е должен да го помести своето возило што повеќе надесно, а ако тоа не е доволно, да го запре своето возило на погодно место што ќе овозможи пропуштање на побрзите возила.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55107
  • Махер
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #9077 на: 04 Април 2018, 08:44:58 am »
(3) Возачот чие возило заради техничката состојба, состојбата на товарот
или други причини не е во состојба да ја следи утврдената брзина на
движење на возилата на патот и со тоа го попречува нормалното одвивање
на сообраќајот, а заради непостоење на услови за безбедно престигнување
се создава колона на возила, е должен да вози по крајната десна страна на
коловозот, а ако и тоа не е доволно да го запре возилото на првото погодно
место надвор од коловозот за да ги пропушти возилата што се движат зад
него.
(4) Возачот на возилата од ставот (3) на овој член, кој се движи со помала
брзина од половината на најголемата дозволена брзина определена според
видот на патот или дел од патот, е должен да ги вклучи сите покажувачи на
правецот или жолтото ротационо светло.

Отсутен Chlink

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8540
  • alfa 156 1.8 t.s & alfa 159 2.4 jtdm
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #9078 на: 04 Април 2018, 20:48:53 pm »
Ова го знам. Имаше едно мислам дека смееш да поминеш на полна и било као заобиколување и смеело. дрн дрн. Небитно...

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6993
  • Бенве сие бенве
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #9079 на: 04 Април 2018, 20:59:20 pm »
на полна смееш да поминеш трактор, градежна, земјотелска механизација и запрежни возила.

Отсутен ogledalo

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 615
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #9080 на: 05 Април 2018, 11:07:58 am »
Ednas mi se pogodi da ima traktor koj vozi so 20 I da ima policija na isto mesto. Posto gi vidov cajkanite na vreme si vozev I jas 20 I duri I mu svirnav na toj pred mene koj samo sto ne trgna da go pominuva traktorot. Kratko potoa si se zaobikoluva i nikomu nisto so pominuvanje na traktorot  8)
Sto e pravilno, jebiga. Veruvam nikoj nema da vozi pozadi traktor 10min samo zasto ima polna linija, prva prilika za pominuvanje se pominuva. Ako imas sreka da se pogodat bas tamu cajkani I ne gi vidis, kako ti e pogoden denot potoa, ke go jades ili nikomu nisto.

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5140
  • The Spartan General
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #9081 на: 05 Април 2018, 11:16:15 am »
Јас престигам трактори и запрежни коли и на полна линија и понекогаш пред полиција. (Нормално доколку не ја загрозуваш безбедноста на другите во сообраќајот). Порано кога полагав пишуваше во книгите дека може. Сегашните книги не ги знам. Исто не знам дали полицајците учат од книги или одокативно.
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Присутен Ipkisija Meskosa

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8948
  • Пичлеме
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #9082 на: 05 Април 2018, 11:27:05 am »
полицајците учат од книги.

Апри ли ли ли и среќен продолжен викенд (за нас тврдокорните македончишта, за вас предавниците во дијаспората не важи, ќе си рмбате) :)

Отсутен AngelSK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1880
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #9083 на: 05 Април 2018, 11:29:01 am »
Мене ми се има случено на полна пред мене дефект полициско возило да вози со 20 30 км/ч, и си возев едно 2 3 минути зад него до првата испрекината за секој случај.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55107
  • Махер
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #9084 на: 05 Април 2018, 11:48:56 am »
Мене ми се има случено на полна пред мене дефект полициско возило да вози со 20 30 км/ч, и си возев едно 2 3 минути зад него до првата испрекината за секој случај.
https://www.youtube.com/watch?v=2I1kc6N3hGA&feature=youtu.be&t=14m19s

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7067
  • хаУс мајстор
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #9085 на: 05 Април 2018, 13:58:27 pm »
И да претекнеш на полна голема работа, шо се 300е...

Отсутен Дибидус

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1758
  • Veritas Vos Liberabit
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #9086 на: 06 Април 2018, 11:47:47 am »
Не ми текнува кој од клаберите имаше проблеми со ПОЦ во Скопје, па како надоврзување на тоа ќе наведам две случки, едната кај нас а другата во Софија.

Случка број 1 во Куманово. Локација: паркингот во центар кај театарот. Пуштам смс и наместо КП-1234-АБ сум пишал КУ-1234-АБ. Се враќам за 15 минути кога гледам канџа. Го прашувам тој вработениот тука зашто канџа, вика не сум платил. Му ја покажувам пораката и вика се убаво ама си ја згрешил регистрацијата. Викам, па добро бе има ли друга кола на паркингот со таква регистрација. Нема, значи сум бил чесен, сум платил и притоа ненамерно сум згрешил една буква. Додека се убедувавме дојде негов колега кој единствено може да ја отклучи канџата ама нејќеше да чуе. Морав да платам 1000 ден казна и пишав приговор. По приговорот ми одговорија после година и неколку месеци и нормално ми го одбија.

Случка број 2 завчера во Софија на општински платен паркинг. Се паркирам и до мене седи човек во кола. Го прашувам како се плаќа, вели или со смс или кога ќе дојде вработениот со жолт елек лично на него,  еден лев еден саат. Го оставам малиот во кола и му давам два лева и одам да бркам работа на едно 50 метри од колата. После саатипол гледам службена кола паркирана до мојата, гепекот отворен и внатре канџи а двајца со елеци околу мојата кола. Си реков бугарска работа ќе ме стават у нервози. Доаѓам до кај нив, гледам на колата немаат канџа ставено, ги прашувам дали малиот им платил и тој едниот ми вика дека не е платено ама не е проблем, нека си седи малиот во кола. Им понудив да си платам ама не сакаа уопште да чујат за плаќање. Додека завршив работа уште саат време помина.


Brains are awesome. I wish everybody had one.

Отсутен Busav

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3930
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #9087 на: 06 Април 2018, 12:57:29 pm »
Јас имав проблеми со поц на платен паркинг ми пишаа казна, бев до поц напишав жалба и после 20 дена ми се јавија ми рекоа дека е прифатена жалбата дека нема потреба да ја плакам казната
Барам девојка која ке си го продаде бубрегот за да си купам кола :)

Отсутен Спенсер

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7514
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #9088 на: 06 Април 2018, 13:00:29 pm »
Јас имав проблеми со поц на платен паркинг ми пишаа казна, бев до поц напишав жалба и после 20 дена ми се јавија ми рекоа дека е прифатена жалбата дека нема потреба да ја плакам казната

Ова на писмено да ти го достават, со нивен печат и архивски број. Да не биде после 5 години со извршител да ти бараат х30 од сумата на казната.

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7173
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #9089 на: 07 Април 2018, 10:46:09 am »
Јас имав проблем со ПОЦ се заврши позитивно