Автор Тема: Случки со полиција, казни, судови итн  (Прочитано 2100375 пати)

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 44367
  • Il Moderatore
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #8865 на: 07 Февруари 2018, 13:46:50 pm »
Ништо не му зборев, ем бев крив, ем јадењето ќе ми се оладеше :)
„...пиши побрзо, гладен сум...“ :D

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5140
  • The Spartan General
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #8866 на: 07 Февруари 2018, 14:08:12 pm »
....

Во Бугарија се возам со еден другар низ Благоевград (јас совозач). Го фаќа серка. Нѐ запира полиција на 300 метра пред станот кадешто живееше. Не се ни сеќавам зошто, ама ради некој ситен прекршок. Остави документите, и кола и мене у неа и отиде да си заврши работа. Го пукнаа од ебавање џандарите кога се врати.  ;D ;D ;D

пс. Не го пишаа на крај.
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10000
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #8867 на: 07 Февруари 2018, 14:09:20 pm »
Требаше и јас да си отидам и да се најадам дома, и мене ме фатија блиску до дома ;D
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен Busav

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3928
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #8868 на: 07 Февруари 2018, 20:17:30 pm »
Може прво да испцујам? :) Во 2014 ме сопре џандарот во 3:45 наутро кај џевахир зградите,ми побара опрема му покажав ама немав 2 години искуство.Ми вика ај пошто имаш се од опрема и носите појаси ке ве пушта ова е само како опомена!Денес ми стига од шпаркасе налог за одбивање на 1/3 од плата!Се јавив кај извршителот ми кажа не сум платил судски трошок од 1000 денари и сеа треба да платам 6500 денари нормално за ова немам добиено никакво известување.Значи педе‘от полицаец ми пишал казна од 400евра и  фактички не сум се потпишал и на суд ме добиле!Имал ли некој вакво искуство?Што да направам?
Да отидам ли утре до суд да прашам што како и да си ја платам таа казна?
Што ако не ја платам,што може да се случи?
фала !!! ;)
Барам девојка која ке си го продаде бубрегот за да си купам кола :)

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8005
  • Плинаш!!!
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #8869 на: 07 Февруари 2018, 20:44:42 pm »
Абе како може на ваков педерски начин да пунат буџет? Најмногу ме боли кога некој на ваков педерски начин ке заебе некого. БУЉАШИ!!!!!

Sent from my MI 4S using Tapatalk


Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10576
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #8870 на: 07 Февруари 2018, 20:48:22 pm »
Тешко дека нема да ги платиш чим те секнале на плата со извршител...
Јбг...  :-\

Отсутен Bumb

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1196
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #8871 на: 07 Февруари 2018, 20:53:28 pm »
2014 мрачни времиња беа :)

А како те репнале, им даде ли ти лична карта?

Присутен Prof. Greenthumb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4044
  • MadaFunker
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #8872 на: 07 Февруари 2018, 20:59:27 pm »
Не си единствен Бушав, деновиве има навал од вакви како тебе..за сметки или казни или незнам што од 6000 луѓе и по 20 и кусур илјади плаќаат. Најбезболно плати таму на извршителот и за одблокирање на сметка и тоа е..sad but true. Иначе ова е класичен рекет..и од извршители и од банки и од сите мамата нивна покварена да им ја ебам!!!
New blood of old school

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6993
  • Бенве сие бенве
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #8873 на: 07 Февруари 2018, 21:05:37 pm »
Не знам како е можно дома да не ти стигне ништо... Си ебале мамата сите, секој сака со превара да дојде до пари...

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8005
  • Плинаш!!!
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #8874 на: 07 Февруари 2018, 21:07:58 pm »
Абе како одма плати!!! Ако платиш ти, ке платат и други и се тоа така во круг и стално ке маваат рекет на некого. Волкот сит и овците на број!!! Нема ли некако правно да се заштитиме од вакви гниди??! Банза???

Sent from my MI 4S using Tapatalk


Присутен Prof. Greenthumb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4044
  • MadaFunker
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #8875 на: 07 Февруари 2018, 21:14:02 pm »
Епа така да си плати оти понатака само повеќе ќе треба да плати ...камата мамата а и сметката блокирана..нема заштита се тоа е договорено со оваа и сите досега корумпирани влади.
New blood of old school

Отсутен Busav

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3928
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #8876 на: 07 Февруари 2018, 21:24:48 pm »
Сметка не ми е блокирана, ми стигна само дека ке ми одбиваат 1/3 од платата за извршителот(1000 денари судски трошоци пораснале на 6500 денари)
Нормално ми побараа дозвола им дадов, нели и контрола кога прават запишуваат за да се правдаат. Ке отидам утре до суд да видам што како... Ке пустам ке плачам утре да не ја платам цела :(
Барам девојка која ке си го продаде бубрегот за да си купам кола :)

Присутен Prof. Greenthumb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4044
  • MadaFunker
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #8877 на: 07 Февруари 2018, 21:36:47 pm »
Епа не си стасал до таму и сметки блокираат :)

Еве ако не ве мрзи да читате објава од фејсбук од еден мој пријател..

Одам во банка да проверам сметка-`Блокирани сте од извршител`!
За сметка од ВИП од 2014 год. од 3000 ден.(период во кој веќе бев во Т-моб.)
Чаре?
Се јавив кај извршителот(ми се јави некое девојче кое упорно ме ословуваше со `ТИ`)-Уплатете 23190 ден. (дваесетитрииљадиистодеведесет) ден.на извршител за да ве одблокира!
Бес,нервоза,немоќ и помирување со судбината!!!
Уплаќам 23190 ден.(дваесетитрииљадиистодеведесет) ден.
Уште 1700 ден.(иљадаиседумстотини) ден. господине!
Зошто???
За банката да ви ја деблокира сметката!!!
Замислувам како четири пет крупни банкарски службеници,запотени и заморени ми ја блокираат сметката со синџири во рацете и огромни катанци.Ја врзуваат,опашуваат и одваај ги затвораат тешките катанчишта на мојата сметка.
Сега откако уплаќам 1700 ден.(иљадаиседумстотини) ден. ги замислувам како со незадоволство и неволност се собираат околу мојата сметка и збираат сила да ја деблокираат,па се вртат,сучат околу неа,од која страна да фатат да ги отклучуваат катанчиштата,па да ги влечат синџириштата,само за да ми ја одблокираат мојата кутра сметка,на која веќе нема ни еден денар!!!
Белким до утре ќе ја одблокираат!!!
Замислете,оваа сума била со камати,ама израчунати до ноември 2017 год. така да јас ќе треба утре да му се јавам на извршителот за да ми каже уште колку ситни пари ќе треба да доплатам за камата и извршителска награда за месец декември 2017 год и јануари 2018 год.!!!

П.С.Би сакал да се прашам нешто,а и да констатирам неколку работи!
1.Како ќе платев ваква лихва ако бев невработен(како шо се 30% работоспособно население),ако бев стечаец(иљадници граѓани),ако земав минимална плата од 12 и нешто иљади(десетици иљади граѓани)!!!
Веројатно ќе требаше да продадам некој орган!
2.Кој болни умови го смислија ова лихварство со извршителиве и кој болни умови се уште го поддржуваат?

Можам да констатирам дека покрај сите невољи и несреќи,немаштија и несигурност со кој се соочуваат граѓаните на оваа напатена,сиромашна и жална црна дупка-бездушно се пљачкосуваат и уценуваат од сопствената држава на која се граѓани и носители на суверенитет!
Плаќа народот лихва за која учевме во учебници и слушавме приказни од бабите за пусто турско,чорбаџии и лихвари и сето тоа со закон покриено!

Аир да не видат сите гниди гнидосани,паразити ненаситни и ползачи лигави кој ги измислија извршителиве и им дадоа сила да го пљачкосуваат сопствениот народ и кожата да му ја дерат,од уста да му земаат и во понизност да го чуваат.
Аир да не видат денешниве продолжувачи на политиките на нивните претходници,за цицање на крвта на сопствениот народ!!!

П.С.Се тресам и ежам,морници ме полазаа и ладна пот ме облеа,а и некоја лута солза прокапав - си помислив како им е на мојве сонародници кој припаѓаат на ранливите социјални групи што ги споменав погоре?!
New blood of old school

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10576
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #8878 на: 07 Февруари 2018, 22:08:44 pm »
Не мојт тек така да му наплатит било каква сума. Извршителите си имаат некоја фиксна тарифа + %. значи 1000000 пати сум повторувал и уште толку по полку неуморно ќе пофтора(дијалект, знам дека се пишува со в) договор се чита макар и мастика за џвакање да купуваш. Се е по закон. Сметка се чува и за најлонска кеса. Такви времиња дојдоја, па како ќе одиме еу блато на месечина ако не почитуваме закони?

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10000
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #8879 на: 07 Февруари 2018, 22:52:48 pm »
Дека ништо никогаш не ви стигнало, а сте стигнале до извршител најчесто е измислица. Или адресата не ви е сменета, односно живеете на различна адреса од лична карта, или тоа што ви стигнало како покана/опомена сте го игнорирале.

Не викам дека не се случува нешто и стварно да не стигне, ама тоа е многу поретко отколку случаите кога се правиме наудрени.

Бушав провери во суд прво на која адреса те викале, второ случајно ти или некој од твоите да не потпишал дека примил покана, а не сте се јавиле по истата.
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.