Нормално дека BMW стана синоним за брзина, како нема да стане кога секој накурчен сељак и "мафиозо" успеаа да купат кола и да беснеат по улициве...
Не сакам да бидам сфатен погрешно, ама стварно сметам дека сум многу помалку опасен за сообраќајот со моето колку-толку дораснато возење за тие години што го имам, отколку некој што секоја вечер е под дејство и не знае кај тера, што глупост да направи за да биде интересен... Сфатете ме како сакате. Да, никој не може да ми каже дека BMW не те тера да стискаш. Ти дава слобода, не ја осеќаш брзината, не ги осеќаш свиоците, не осеќаш дека во толку кратко време си постигнал висока брзина... Ама сето тоа има и негативна страна, доколку не обрнуваш внимание на овие работи, и мал дел од секундата е доволен за да направиш глупост што може да заврши фатално. ( Ова сум го искусил и сам го кажувам)
Да и во BMW завршува фатално, и во Spark завршува фатално. Таа споредба воопшто не може да ја правите. При исти услови и ист удар, BMW-то и Sparkot ќе бидат тотално различно оштетени. Знаете и сами кој ќе спаси газ повеќе, нема поента да се дебатира.
Кога сме кај полагањето со 16 години, сметам дека тој закон е во ред само мора да се се стават малку поинакви регулативи. На многу места во светот добиваат возачка луѓето и на таа возраст... Ќе почнам од мене. И јас положив на 16/17 години. Законот за возење до 20:00 часот го почитував се додека не направив 18. Исто и за коњажа. Причина? Санкција. Доколку ме запреа и правам таков прекршок се одзима возачката. Бев свесен дека ќе останам без нешто што отсекогаш сум го сакал, и што ми било многу побитно од казна од 200еур. Да, и сега да е таква казната, ќе си купам BMW e46 316i и ќе си терам 105кс. Не планирам да губам возачка. Ама кога веќе има изречена глоба, и таа глоба ми одговара колку толку за да ги задоволам моите желби и очекувања, помирен сум со фактот дека ќе ја платам...
За курчоглави што летаат, за правање проблеми во сообраќај, за сообраќајки итн. Не правам никаков проблем. Ако ме фати полиција дека возам над ограничувањето, соодветно нека ме казни.. Баш ми е жал што кај нас ги нема тие работи како во напредните земји. Камерче, сликата во плико и дома решение за одземање на возачка. Ако не си ја вратиш уредно во дадениот рок, ќе дојдат они да те побараат. А ако не ја вратиш воопшто, кога ќе те запрат следниот пат ќе го јадеш дебело. Исто е и за пиењето, 2 пати толеранција, третиот пат нема возачка и најскапа глоба. Никогаш нема да плукам за вакви закони, во било која држава, не само за нашава што ич не ја обожавам. Тоа се закони на место и не треба да има толеранција и пуштање од типот ајде братучед ми ќе се јави, или не го пишувај внук му е на тој и тој... Ку* се тресе ако му е внук, ако вози 120 у среде град, прво 99% е во гроб со неговите нозе и тие во колата со него се во гроб, а исто се во гроб и десетици/стотици невини луѓе што испаднале случајно на тоа место.
За такви тапоглавци искомплексирани дека се некој и нешто, слободно апсење и затвор, не казна парична, затвор. Се додека не ризикувам нечиј живот и додека не правам постапки што ја нарушуваат сигурноста во сообраќајот, сметам дека не правам прекршок.