Денес налетав на фин џандар. Бев паркиран не прописно, па кога забележав џандари тркнав до кола побрзо да се тргнам ама ме застана. Ми провери документи и ми кажа дека сум сликан. Ама сликата немало да ја испрати до станица бидеќи брзо сум се вратил.
Ус пат како на прваче ми објасна зошто тука не смеам да се паркирам и ми ја кажа висината на казната.
Она што ме изненади е речникот, не ми заповеда, туку фино ми препорача да не се паркирам тука и дека имаат зачестени контроли.
Дури и срам ме фати искрено, му се заблагодарив и му ја киднав.
Овој пат полицијата место да има казнена дејност имаше поучна. И при мали прекршоци како возење без светла, нецелосна опрема и слично, мислам и дека тоа треба да биде примарната цел.
Ако некој нема прва помош, нели е подобро да му укажеш на тоа и да го упатиш да купи, место да се казни? Сепак полицијата е тука за да го регулира собраќајот, а некогаш подобри последици следуваат после награда наместо после казна.
Sent from my Shoot_1 using Tapatalk