Автор Тема: Случки со полиција, казни, судови итн  (Прочитано 1907180 пати)

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #6375 на: 21 Април 2015, 08:48:44 am »
Може и подвижни макети :)

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Одг:
« Одговори #6376 на: 21 Април 2015, 08:50:34 am »
Затоа што ако се примени твојот модел на секоја критична улица тогаш ќе треба да се вработат едно 500 џандари за да изиграваат пазачи што воопшто не е добро решение. Казнувањето како општ поим во општеството без разлика дали е парично или друг вид е измислено пред многу векови само за казнетиот на тој начин да ја научи лекцијата и да не греши повторно. Доста е едноставно за сфаќање и лично за мене не ми претставува проблем бидејќи во последно време не поминувам 70 низ град а да си кажам искрено без појас ми е шубе и имам чуство како да ми фали нешто, едно заради казни а друго и гледајќи во последно време колку народ изгина па си викам да не ми улета некоја будала директ во мене.

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7080
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #6377 на: 21 Април 2015, 09:40:47 am »
Поентата НЕ Е да има контроли после несреќата на Партизанска.

Поентата Е да го казнат соодветно сторителот за да биде пример за другите „т(д)ркачи“. Со вакви смешни постапки што се водат се охрабруваат за вакви дела, мамините и татините педерчиња.

Истото важи и за Алачки, градоначалникот на Старо Нагоричане, градоначалникот на Дојран итн итн

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6838
  • Бенве сие бенве
Одг:
« Одговори #6378 на: 21 Април 2015, 09:42:11 am »
Ahtung pred 3 dena se ozeni i veke pocna da razmisluvas kako zrel covek ima napredok ;)

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29781
    • CARclub.mk
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #6379 на: 21 Април 2015, 09:47:15 am »
Поентата е полицијата да дејствува едукативно и превентивно, не да се сведува нивната активност на класични сачекуши и казнување. Криење позади комбиња и истрчување без соодветна опрема за видливост е ништо друго освен сачекуша. Криење и давање лажно чувство на неприсутност (и со тоа луѓето да се „ослободат“ и да возат брзо) и педерско казнување. Ништо друго.

Ете, не мора на 100 метра џандар. Ама една конкретна едукативна кампања во која ќе се инволвираат медиумите, кампањи на улица со застанување, едуцирање (флаерчиња-маерчиња) и опоменување. Редовно присуство на полицијата (која нема да казнува ако нема потреба, туку ќе биде таму во едукативна улога) е океј работа и мене не ми смета. Во странство ми се десило да прашам џандар „абе каде е тоа и тоа“ и џандарот со задоволство да ми помогне и да ме усмери. Кај нас еднаш кога прашав џандар улегнат во кола „Извинете, смеам да паркирам тука?“ одговорот беше (цитирам): „Дечко, не ме замарај..“

Полицијата треба да им служи на граѓаните. Не единствената цел да и биде да ги казнува. СИТЕ ние малку се штрецаме кога од далеку ќе видиме човек од Комуналец во зелен елек на улица. Тоа зборува многу.

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #6380 на: 21 Април 2015, 09:51:07 am »
Зеро се те разбирам ама ако не бевме стока народ сето тоа ќе беше супер... Таа едукација што ти ми ја кажуваш првично секој ја учи и треба да си ја истетовира во мозокот додека учи во автошколата. Марјан не се оженив бе само ја побарав за жена уште имам шанси :D

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29781
    • CARclub.mk
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #6381 на: 21 Април 2015, 10:05:31 am »
Станување нестока народ е долготраен, али не и невозможен процес, и треба да почне од институциите на системот, за да може полека но сигурно да дојде до целото население.

Треба полицијата да не се гледа како алат за казнување, туку сервис на народот. Тоа значи дека џандарите треба да бидак културни, присутни и да помагаат кога тоа ќе се побара од нив. Концептот на мамини и татини синови да се елиминира а полицијата да биде еднакво активна и ефективна насекаде.

Еве еден едноставен (и малку екстремен) пример. Во Норвешка луѓето сами си плаќаат даноци (тоа што кај нас  фирмите го прават кога даваат плати) и генерално не им е проблем да дадат околу 40% од парите на институциите на системот - а зошто не им е проблем? Затоа што гледаат дека нивните пари се користат ефективно. Имаат добри улици, функционална инфраструктура и генерално решени секојдневни проблеми. Тоа е барем почетокот кон кој треба да се стремиме, и треба да гледаме кон колективното добро, наместо кон индивидуалното (по логиката „ако на сите им е убаво, и мене ќе ми биде убаво“).

Енивеј, имам работа.

Отсутен sinisa

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1207
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #6382 на: 21 Април 2015, 10:33:55 am »

Сега пак не чинат џандарите на партизанска пошто се криеле, пред недела дена кога тој го уби девојчено на пешачки со над 120 кај биле џандарите беше муабетот, зашто спиеле итн....
Како би реагирал ти кога некој во црна облека ти излета во лента и со сијаличка да светка за да застанеш, е тоа му направија на еден со Тико пред мене и типот си застана на сред втора лента, зошто ИДИОТОТ џандар истрча пред него, а ние 3-4 коли позади Тикото моравме да бегаме лево и десно да не се направи реденка.

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Одг:
« Одговори #6383 на: 21 Април 2015, 10:43:36 am »
Ако заслужил зашто да не го сопрат? Јас сум бил сведок за таква случка на автопат каде џандарот излезе во трета лента да го сопре еден што леташе со 200... Да си ти на негово место и работиш за плата од 500 евра ќе си го ставеше ли твојот живот на таков ризик за да застанеш потенцијален убица? И жив мерак ми се направи што го застанаа копукот ;)

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22218
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #6384 на: 21 Април 2015, 10:53:43 am »
Се слагам со Зеро.

Џандарите треба од километар да можеш да ги видиш и да знаеш дека секогаш се на места каде може да се вози брзо. И тогаш сите ќе возат полека. Криење зад жбунови и рекламни табли и светкање со сијаличка  е крајно педерско..поогтово ако и на колата и се изгасени ротационите светла.

Баш заради ова, еднаш кај клучката во Континентал, со Астрата, во 04 часот сабајле возам накај дома и оп, одеднаш во жива темница, на најнеосветлениот дел од патот ми искача човек (без зелен елек) и ми светка со сијаличка да застанам.

Од 5та у 4 та, од десна у лева лента и нагазување.

Си викам..ма кој го ебе бе...имаше само сијаличка, немаше елек, не се гледаше дали е униформиран, немаше СТОП палица, а колата беше скриена негде позади некој знак. Откај да знам....4 саат..жива душа нема..ќе застанам, ќе ми излезат 4 ца со пиштоли , ќе ми речат искачај од кола. ;D

Отсутен sinisa

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1207
Одг:
« Одговори #6385 на: 21 Април 2015, 10:56:53 am »
Во случајот јас што го кажав, а и ти потенцијални убијци се џандарите, од кај да знам јас кој е тој со црна јакна што ми искача пред кола, може во тој момент на паника да натепам уште толку гас, се знае џандар, зелен елек и палка, да земам јас со сијаличката на телефон и да стопирам утре.

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22218
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #6386 на: 21 Април 2015, 11:04:21 am »
Баш така.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17593
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #6387 на: 21 Април 2015, 11:32:04 am »
Предлагам Карклуб ТВ повторно да се активира со едно едукационо видео на оваа тема.

Отсутен yarre

  • Bearing Expert
  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1338
  • www.lagermax.mk
    • LAGERMAX
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #6388 на: 21 Април 2015, 11:58:19 am »
Ако заслужил зашто да не го сопрат? Јас сум бил сведок за таква случка на автопат каде џандарот излезе во трета лента да го сопре еден што леташе со 200......

Ова може само кај нас. Коли кои летаат 200 не се запираат со истрчување на трета лента на џандарот. Се користат пресретнувачи. Исто така на автопат не се користат пиштол радари. Ама кај нас ете се користат.
Тие што возат вака на автопат знаат дека овие со пиштол радарите само викаат „пушти ја будалава“ и не го бркаат. Затоа и возат така по старото правило - „Или летај или вози спрема ограничувања - се друго е казниво“

Отсутен Allexxander

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5839
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #6389 на: 21 Април 2015, 12:41:31 pm »
Прво и основно треба да се направи казните да се одредуваат според приходите на прекршителот. Не може иста казна да биде за некој што зима илјадници евра месечно и некој што со 300 евра рани 4-члена фамилија. Така е во Финска. И таму не стопира полиција ако не направиш прекршок. Тука ќе те сачека и да си исправен ќе ти најде нешто да те казни.

И да за муабетот погоре очигледно со лешперско криење поентата е да се казни а не да се подигне свеста кај возачите. Ако им е поентата за свеста нема да се кријат и секој возач ќе знае каде стојат па ќе си внимава. А тоа со макетите ќе има ефект на почетокот, после македонче ќе ги научи и ќе си тера по старо.