јас имав ептен кул позитивно искуство со еден полицаец, кога идев накај викендица, за водици
идеме и возам јас и кај тресонечки/битушки мост нели увек полиција, ме застанува, по претходно видено тепање до каишот додека го ставам пошто застанав на 200 метра поназад(пред мостот), доаѓа до кола
-Добар ден, како сте, ќе ве молам документи!
Барам по цела кола сообраќајната, паѓаат лифчиња некои, ја најдов му давам све и ми вика
-Христијан, кој е Зоран ?
Татко ми одпозади полу заспан, ко пијан клен се дере : -Јас
Полицаецов сиромашкиот глеа бледо ми дава папирите, и ми вика
-Ќе може да провериме зимска опрема ?
Додека искачам викам не е проблем само дур ги најдеме, отварам гепек, унатре исто ко тетрис да си играл татко ми, нач'чкано нач'чкано игла да не моеш да бутнеш, ми се врти, почнувајќи со мал осмех да ми кажува:
-Уживај ајде, ако вадиш ствари ќе не стемни, вци ќе не изедат
У момент ми дое една смеа, ми идеше да се прснам од смеење од реакцијата коа виде пун гепек и начинот кој го кажа, и на влагање:
-Друг пат на секое влагање после мочање ставај каиш, и среќен пат
и после со зетов коментираме по пат, види бе шо фини има, а не у Скопјено за инает ќе ти извади и сијалички да ти провери