Прееска бев до Хотел Белви со моторчето, 50 кубика. Бев по автопат, стариот пат од кај Маџари не го знам. На враќање, чичко полицаец додека удобно седеше во јетито, со пуштена клима и под сенка- ме примети и оп ме запре (неправилно, со рака ме запре, а нели треба да има стоп палка)

Застанав нормално, добар ден знаеш ли дека тука не смееш да возиш ? Му викам да знам, ама немам како да се вратам назад, па тргнав да си одам како што дојдов. Епа таман, две казни значи

И му дадов возачка и сообраќајна, и 5 минути гледаше те во сообраќајна те во моторчето. И вика абе дечко, зашто тука ти пишува дека до 2015 ти е рег, нели ова е трајно регистрирано ? И тука 10тина минути муабет за регистрацијата... ај бегај кај регистрација секоја година, уште јас да ти пишам казна ти фали

И така сите среќни и весели, со позитивно искуство.