едноставно,не возете мотор ако нејќете кацига да носите
уф уф уф... еве сега ке го паркирам моторот и нема више да го возам, само зашто ти така рече хахаха.. 
абе чоек.. кацига носење е за моја лична безбедност, а не твој кеиф... и јас бирам дали ке ја носам или не т.е. дали ке ризикувам дополнително повеке од веке постоечкиот голем ризик да возиш мотор, низ скопје, поготово мотор што е над 140 коња и има 1000 кубика... има и закон кој вели дека ке имам казна ако не ја носам... и ке си ја платам ако ме фатат... баш ми е гајле, што тоа тебе и таквите како тебе не им се свиѓа, што јас ке возам без кацига...
има вакви глупи реакции и од шофери на коли на семафор, абе кацига бе момче... абе чикица, а ти каиш да врзеше? абе остај ме мене сега, јас за твое добро зборам... абе чикица и јас за твое добро зборам...
значи глеј си во својот двор и за себе, немој да кажуваш други како ке праат за себе.. ако недај боже дени се случи некое срање, утре јас ке паднам од мотор без кацига, не ти. јас ке скршам глава, не ти. јас ке умрам, а не ти... и ти или било кој друг возач нема да бидете одговорни за тоа ако јас паднам и го истурам мозокот на асвалт. апсолутно моја работа, не твоја.
Или купете си асална кацига, не нокшири да ставате на глава.
дома имам точно 8 кациги. 3 се лично мои, 2 се на невестата, по една за децата и една има златна резерва исто за децата. таа што е златна резерва е кацига евтинка, од кинеските. и од моите една е евтинка од исти калибар. другите кациги заедно коштаат колку моторот, ако не и повеке. значи зборам за саглам кациги...
едноставно, не гледам дека за низ скопје ми треба кацига, а на отворен пат кога тргам, тогаш сум со фул опрема.. не само кацига, туку и специјална јакна со заштити на лактови и раменици и грб, понатака пантолони (нив поретко ги носам почесто со фармерки сум) поткапа и ракавици... имам и дошдовен мантил за пркеу јакна иако јакната е водоотпорна. значи имам фул опрема која кошта бајаги, ама не гледам за сходно во скопје да ја носам.. дури ни кацигата.
се мислев да купам еднаш од оние летни кациги што се, како шлемче... абе која и да ја пробав, на квазимодо личев кога ке се погледнам во огледало... затоа одлучив ризикот да си го прифатам, ако не возам со кацига, т.е. ако одлучам да не носам... кој вози мотор знае дека во овие пеколни горештини, кацига до 18ч навечер да носиш е рамно со самоубиство... ако веке си стварно борец за носење кацига, и тргнуваш од ссебе, тогаш послушајте го советот на фичо мк и не возите мотори кога не носите кациги..
Ќе ти објаснам зошто грешиш, се надевам дека ќе сфатиш.
Хипотетичка ситуација #1: Си го возиш моторот, без кацига. Застануваш на семафор. Некој со кола позади тебе те подчукнува. Не многу. Малку, ама доволно за да изгубиш рамнотежа и паднеш. Со главата удираш во раб од тротоар, или некој раб од кола до тебе, или нешто неубаво. Имаш трајни последици. Ти живееш со трајни здравствени последици, тој во колата живее со вината и законските реперкусии. Твојата сопруга живее со сопруг кој е инвалидизиран, децата имаат татко кој нема да може да им игра на свадба.
Хипотетичка ситуација #2: Си го возиш моторот, без кацига. На улицата пред тебе има истурено уље од нешто, ама многу тенок слој и не се приметува. Моторот ти лизга, паѓаш. Колата што е позади тебе почнува да кочи, ама и таа почнува да лизга надвор од контрола*. Човекот позади тебе ни крив ни должен ти ја удира/прегазува главата. Ти живееш со трајни здравствени последици или (скраја да е) загинуваш, тој во колата живее со вината и законските реперкусии. Твојата сопруга живее со сопруг кој е инвалидизиран, децата имаат татко кој нема да може да им игра на свадба.
Дополнително, реалност е дека парите кои ќе се дадат за лечење, терапии, операции, итн, се (технички барем) наши, заеднички пари.
На крајот, биди свесен дека носењето или неносењето кацига не е само за твоја лична безбедност. Односно, ајде, можеби само по тебе ќе има здравствени последици, ама влијанието е значително пошироко. Неносењето кацига е себично, ако не по другите во сообраќајот кои не ги знаеш, туку по твоето семејство.
* Ова ми се случи мене, лани пред тргнување на турата то Берово, пред Лукоил на Зајчев Рид. Скутерче пред мене излизга на истурено уље што истекло од некој камион пола саат пред тоа. Тој со скутерот излизга и падна и продолжи да лизга, јас пробав да кочам и не успеав,
среќа веќе бев подзавртен кон бензинската па успеав да го избегнам. Ми требаа неколку минути да се смирам како што треба. Додека полнев гориво уште еден човек со мотор падна, една кола се изврте и удри во кола во спротивна насока.