Ова апла им паднала па може да очекува исплата. Моето искуство со пајак службата беше пред некоја година кога ми го дигнаа цитроенчето на Битпазар. Приметив оштетувања на задните полумесеци реагирав и тој шефот што им беше, едно безобразно говедо, вади записникот и ми вика еве ти овде пишува оштетувања по цела каросерија. Јас му викам не зезај не е ова оправдување, плус колава не беше перена па се гледаше тазе отисок на оштетените места. Отидов во полициска станица Пролече, пријавив, дојдоа направија записник и на тоа остана. Шефот на пајак службата после увидот од полицијата се изрази со зборовите, дечко ич не ми е гајле, ние сме си осигурани си немаш работа со нас..