јас не мислам така.
ЗАКОН ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА:
Член 76
(1) Со моторно возило смее да се влече друго моторно возило само ако тоа, поради неисправност или недостиг на одделни делови, не може самото да се движи.
(2) Со моторно возило не смее да се влече мотоцикл со или без странична приколка или друго возило на две тркала.
(3) ) Глоба во износ од 20 евра во денарска противвредност во мандатна постапка ќе му се изрече односно ќе му се регистрираат 10 негативни бода согласно со одредбите на овој закон, на возачот кој постапува спротивно на одредбите од ставовите (1) и (2) на овој член.
Член 77
(1) Моторно возило смее да се влече ноќе, како и дење во случај на намалена видливост, само ако на својата задна страна има запалени црвени светла за означување на возилото или ако го влече моторно возило кое има и при влечењето користи жолто ротационо светло.
(2) На правното лице кое ќе нареди или дозволи влечење на моторно возило, спротивно на одредбата од ставот (1) на овој член, ќе му се изрече глоба во износ од 520 до 1.350 евра во денарска противвредност.
(3) За прекршокот од ставот (2) на овој член, глоба во износ од 330 евра во денарска противвредност ќе му се изрече и на одговорното лице на правното лице.
(4) Глоба во износ од 35 евра во денарска противвредност во мандатна постапка ќе му се изрече, односно ќе му се регистрираат 20 негативни бода согласно со одредбите на овој закон, на возачот кој постапува спротивно на одредбата од ставот (1) на овој член.
Член 78
(1) За време на влечењето на возилото од членот 76 став (1) на овој закон, двете возила се означени со знак со кој се означува запрено возило на коловозот (сигурносен триаголник). На моторното возило кое влече друго возило, триаголникот се поставува на предната, а на влечното возило на задната страна.
(2) Глоба во износ од 20 евра во денарска противвредност во мандатна постапка ќе му се изрече, односно ќе му се регистрираат 10 негативни бода согласно со одредбите на овој закон, на возачот кој постапува спротивно на одредбата од ставот (1) на овој член.
Член 79
(1) Моторно возило на пат може да се влече со помош на јаже, крута врска (руда) и со потпирање или бесење на возилото за влечното возило.
(2) Со помош на јаже не смее да се влече моторно возило на кое не му се исправни уредите за управување или уредите за запирање, ниту товарно моторно возило и автобус.
Член 83
(1) Растојанието помеѓу влечното и влеченото моторно возило, ако се влече со јаже изнесува три до пет метри, а ако се влече со помош на крута врска може да изнесува и помалку од три метри.
(2) Глоба во износ од 20 евра во денарска противвредност, ќе им се изрече, односно ќе им се регистрираат десет негативни бода согласно со одредбите на овој закон, на возачите на возилата од ставот (1) на овој член кои постапуваат спротивно на одредбата од ставот (1) на овој член.
Член 84
(1) Моторно возило кое на пат влече друго неисправно моторно возило, не смее да се движи со брзина поголема од 40 км/час.
(2) Со влеченото возило од ставот (1) на овој член забрането е да се превезуваат лица.
(3) Глоба во износ од 25 евра во денарска противвредност во мандатна постапка ќе му се изрече, односно ќе му се регистрираат 15 негативни бода согласно со одредбите на овој закон, на возачот кој постапува спротивно на одредбите од ставовите (1) и (2) на овој член.