Автор Тема: Случки со полиција, казни, судови итн  (Прочитано 2095878 пати)

Отсутен Ordevski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1862
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #14055 на: 08 Август 2025, 08:38:04 am »
Паметено, треба да казнуваат, треба и осигурање да бараат затоа што и тие се учесници во сообраќајот.


Sent from my iPhone using Tapatalk
И тоа многу опасни, особено за себе.

Sent from my SM-S928B using Tapatalk


Отсутен Silvester

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1885
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #14056 на: 08 Август 2025, 08:59:38 am »
Кацига е пожелно, но не задолжително. Елек треба да се носи навечер и во услови на намалена видливост.
  www.malservis.mk - сѐ за твојот автомобил!

Отсутен Jimny

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3137
  • Skriven i ćutljiv crv rešeta moćno drvo.
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #14057 на: 08 Август 2025, 09:08:42 am »
Не да ги казнуват, земи, пребиј, ломи, да не му падне на памет да се качи на тоа,старо социјалистичко воспитување внеси го во некое темно тунелче и по брза постапка со пендрек. Прво, опасност си се за себе, абе човек си начукал 30, 40 години и јаче, и си се качил на тротинет, прво, немаш инфраструктура кај тоа тротинет да управуваш, ке ти излети некое камче, глава ке изгубиш, инвалид ке останеш, без зрно барут ке си настрадаш ајт што ти ке се патиш да застанеш на нозе него тие околу тебе од што се повреди па паднав од тротинет..... Друго, ниту слушат, ниту видат кога се во сообраќај, ниту знаеш дали иде лево, десно, ке го удриш со кола, ке го носиш на душа. Трето, никој не им ускратува права, идете таму, покрај Вардар, таму развувзувајте се, кршете глави.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17780
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #14058 на: 08 Август 2025, 09:57:06 am »
Рече Џимката со разнесено колено ;D

Отсутен Jimny

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3137
  • Skriven i ćutljiv crv rešeta moćno drvo.
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #14059 на: 08 Август 2025, 10:14:40 am »
И тоа на рамно разнесување, јбг, не бира дали е тротинет или рамница. Белја бргу бидува, убавото тешко доаѓа. Само посочив тротинетот е мач со две острици: ко воли, нек изволи

Отсутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2167
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #14060 на: 08 Август 2025, 10:43:32 am »
Треба да се дозволи да ги прегазиш ако возат по средина на коловоз. Да не одговараш, исто ко за мува пример.

Отсутен shelby

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 100
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #14061 на: 08 Август 2025, 14:37:51 pm »
Треба да се дозволи да ги прегазиш ако возат по средина на коловоз. Да не одговараш, исто ко за мува пример.

Како се радикализира форумов кога ќе се спомнат тротинети   ;D

Се сложувам дека тротинети не се наменети за на коловоз, носеле кацига или не.


Присутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30065
    • CARclub.mk
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #14062 на: 08 Август 2025, 14:43:17 pm »
Јас имам еден непопуларен став, ама мислам дека тротинетчињата се многу практично превозно средство за кратки релации. Само (исто како на точак), треба да не си идиот, да размислуваш здраворазумно и да си видлив и предвидлив во сообраќајот.

Се согласувам дека не припаѓаат на коловозна лента. А ако веќе мора - исто како точак, што е можно поблиску до десен раб и екстремно внимателно.

Отсутен shelby

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 100
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #14063 на: 08 Август 2025, 14:50:55 pm »
Според мене голем дел е предвидливоста. Нема да ти се срони бисерот ако кренеш рака да сигнализираш во која насока вртиш (важи и за тротинетите и точаците).

Ама не, повеќето од нив ќе стават наочари за сонце и шибаат. Се префрлаат од тротоар на коловоз па пак на тротоар како им одговара. Го заебале системот нели, нема да чекаат во гужва или да почитуваат правила како другиве смотаниве. И да, вечно менталитет на жртва во тие ситуации кога за влакно нема да бидат прегазени. Па не умеам да читам умови пријателе, од кај да знам каде си наумил да одиш.

Отсутен Silvester

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1885
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #14064 на: 08 Август 2025, 16:22:19 pm »
Се согласувам целосно со @zeroSignal . Многу се практични, но исто така најнебезбедни превозни средства. Мали рачки + мали тркала = рецепт за отепување.

@shelby многу е ризично да кренеш рака со тротинет за да им сигнализираш во која насока ќе одиш. Тешко се вози со една рака па гарант паѓаш и при мала нерамнина :D

Јас секојдневно го возам низ Скопје од 2018 година и сум немал непријатна ситуација, ама генерално "фер" го возам. Избегнувам коловоз, кога возам по пешачка патека никогаш не му ѕвонам да ми се тргнат пешаците, само на велосипедска си пичам 25-30 дури оди.

Ама со оглед какви идиоти ги возат, мора да се стави некој ред.
  www.malservis.mk - сѐ за твојот автомобил!

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6830
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #14065 на: 08 Август 2025, 16:26:51 pm »
Има некои тротинети и со жмигавци се, баш пред некој ден приметив еден со таков уредно си даде.

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7561
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #14066 на: 08 Август 2025, 18:14:49 pm »
Јас имам еден непопуларен став, ама мислам дека тротинетчињата се многу практично превозно средство за кратки релации. Само (исто како на точак), треба да не си идиот, да размислуваш здраворазумно и да си видлив и предвидлив во сообраќајот.

Се согласувам дека не припаѓаат на коловозна лента. А ако веќе мора - исто како точак, што е можно поблиску до десен раб и екстремно внимателно.

Eх сега па и ти.

Мене ми е језиво кога ке видам по 2-3 комшивчиња качени на тротинет, и цепаат низ сообраќај. Најстарото од нив, 10 години. Језа.

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6991
  • Бенве сие бенве
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #14067 на: 08 Август 2025, 18:33:00 pm »
Пред месец дена некаде пред кола паднаа две девојчиња така, среќа човекот изреагира и не ги изгази, ќе заглавеше затвор ни крив ни должен. Очекував да излезе и да ги претепа тука ама среќа имаа само со пцуење поминаа.


Sent from my iPhone using Tapatalk

Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8890
  • Малерозен дрводарец
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #14068 на: 08 Август 2025, 18:57:09 pm »
Тоа со двајца на тротинет - веднаш казна, веќе и го прават.

А, она, на пешачки кога возат наместо да пешачат и буткаат - е, тука веќе прво пендрак у г'с, па после казна.
Министерство за транс, поп и виски.

Отсутен Festool

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 163
  • woodworker
    • Drvodelec.mk
Одг: Случки со полиција, казни, судови итн
« Одговори #14069 на: 12 Август 2025, 08:15:52 am »
Да не отварам нова тема, можеби некој ќе знае да ми помогне. Сакам да сечам едно дрво во двор во село, и да го пренесам во град за горење со трактор, најобично дрво, врба. Дали некој знае каде да се обратам, која институција, за полицијата да не ми направи проблем да ме запре на сред пат и каже крадени дрва?