Денес колега го запре полиција со службена кола и покрај редовна контрола и плус патен налог, пп апарат, полномошно му побарале и договор за работа од фирмата.
Пола саат малтретирање имало за ова и на крај го пуштиле. Во случај ако нема договор за работа, колата се одзема и мора преставник од фирма да дојде и да потврди дека е вработен таму и плус казна за фирмата.
Дали е законски ова што го имаат побарано?
И дали и после работно време пример после 16 часот имаат право да бараат вакви документи за службена кола?
Имам приватни обврски и тоа е.
Sent from my SM-A528B using Tapatalk
Само договор за вработување што му го барале било чисто тупење бидејќи полномошното е сосем доволно.
Возилото може да биде во сопственост на физичко и правно лице, а за да го управуваш, сопственикот ти дава полномошно.
Вероватно по секоја цена сакале да напишат нешто, па немале за што да се фатат.
Мене вака во Радовиш пред 3 и кусур години сакаа да ми напишат казна за прекорачена брзина во износ од 300 евра само затоа што возилото било на фирма.
Кога го прашав зошто 300 евра, па вика службена кола, на фирма е.
Да велам, на фирма е, ама колава не е товарна, патничко возило е, во сообраќајната го пишува тоа.
Не, на фирма е, затоа 300 евра.
И тука му велам, господине, возилото мора да биде во сопственост, дали физичко, дали правно лице, во спротивност би било крадено, нели ?
Сопственоста нема апсолутно никаква врска со износот на казната, туку дали е товарно или патничко, ова возило во сообраќајна е патничко и како такво се вози, гледате нема преграда позади, нема лепенки за ограничување на брзината, така да казната за тој прекршок ми е 45 евра и ќе си ја платам веднаш.
Виде дека си ја познавам тематиката и само ајде овој пат те частиме, ама следно да знаеш, над +20 нема да ти простиме.
Океј, чао пријатно.