Случка во Косово, пред два дена:
Слетувам на аеродром во Тирана во 9 навечер, си собирам кола од паркинг и гас за Скопје.
Секаде кај што беше над 100 ограничување, си возев 130-140 на темпомат, кај што беше 80 си цепав 110, и таму некаде во околина на Призрен - олд скул радар, застанати на дното на долга удолница и пецаат во ниедно време.
Се согласивме дека англиски ни е јазик за комуникација, вика "Господине се брзате некаде? 100 е дозволено, вашата брзина е 126. За тоа следува казна."
Ја, не знаејќи ни колку е казната, ни дали ќе ме тераат да ја плаќам одма пред да заминам од држава, ни дали ќе ми задежат документи, викам "дали може да направиме нешто друго?" на што добивам одговор "Не господине. Казната е 20 евра, дајте ми документи".
Си ја пиша, ми објасни дека имам две недели да ја платам за да биде 20 евра, иначе 40.
Идам денес да си ја платам до Елез Хан, во поштата, и човекот на искршен српски јазик ми вика "зашто плачаш ово?".

Вика "не ти можат ништо штом немаш косовски документи, ако требаше да регистрираш кола, на технички ќе те провереа и тогаш ќе мораше да платиш. Имаше и други македонци денес, добро си поминал ти, нив косовски пресретачи им пишувале по 150 евра казни."
Така да, две поуки:
1. На автопатите низ Косово има пресретачи, претпоставувам исто Шкоди како кај нас зошто и обичните полициски возила им се Октавии.
2. Изгледа немаат врзани системи како да мониторираат казни кај нерезиденти, па ако ви се ризикува - казната можете и да не ја платите.