Јас правев ескперимент со Сонаксот, пишував и во некоја од темите, ама Brilliant Wax 1. Еднаш ја нашљакав цела кола со концентриран восок, траеше 3 месеци. Потрошив повеќе од 2/3 од пакувањето, и немаше да стигне за цела кола втор пат.
Допунив малце топла вода, до пола тубичка, промешав и преточив во прскалка. Прсни, пребриши, ја поминав цела кола, потрошив пола од половината. Пак траеше 3 месеци.

Донесов (можда лош) заклучок дека тој дитејлерот од Сонакс е уствари восоков, разреден со вода
