Автор Тема: ремонт на алфа ромео 156  (Прочитано 140597 пати)

Отсутен leopardi

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 208
ремонт на алфа ромео 156
« на: 18 Август 2011, 04:33:29 am »
што да правам кога таква среќа имам,
пред неполни два месеци ја земав колата и илјади работи ми излегоа до сега само пари давам,и сега пред недела дена ми се блокира моторот,јас мислев дека е од ребрастиот не бил стегнат како што треба бидејки му направив голем сервис пред три недели,и како ја возев колата одеднаш почна да тропа ненормално како некој трактор и мислев нонстоп а и другите ми викаа дека е од ребрастиот е и тоа направил голема белја клипови глава ..... итн,ја имав колата и кај еден дечко што работи само со алфи така и тој ми викаше но не му дадов на него да ја отовори бидејки сервис сум му направил на друго место и му реков на него ако е така јас ке си ја рекламирам колата кај истиот мајстор што ми направил сервис ребрасти...итн, и колата ја однесов кај истиот мајстор и му ја оставив,во понеделникот му ја оставив и истиот ден ми се јавува мајсторот и ме радува и ми вика моторот ти е топ од варијаторот било тропанјето ке ти ставам половен да поминеш овој пат поефтино,ок и јас радосен,утредента (вторник)му се јавувам и го прашувам до кај е работата ми одговара дека тој варијатор не бил добар па нарачал некој друг но немало нигде и пробува да најде реков ок,најди и јави ми се кога ке биде готова,но што се деси денеска сабајле ме бара и ми вика дојди да правиме муабет знаев дека нешто лошо е,си отидов таму
и седнавме муабет да правиме окулу колата и ми вика вака дечко јас си реков да ти помогнам да поминеш ефтино пробав три варијатора сменив моторот работи колата влече но си има пак тропанје и не било од варијаторот изгледа радилица ти е отидена,еве седни тука пред тебе ке ја отвараме колата и ке видиш и ти и јас му поверував и не сумнјав ништо во него дека ми изгледа поштен човек е,ни за тие два дена што била колата кај него од каде да знам ѓто он направил дали нешто покрил негово што е па сега сака на мене вината да ми ја остави и  си викам сега,но ајде си реков не изгледа таков човекот и ...
кога ја отвори радилицата што да видам салата направила внатре мелел све што има,и ми вика ако е само радилица негде 300 евра ке кошта,ако се отидени и клипови и диктуни ке ме фати негде 800 евра,и ми вика нов мотор да ставам ке ми најде за 500 евра но вика половен не се знае и кај него,каква радилица има,вика пак подобро ремонт да се направи колата и ке знаеш дека тогаш ке немаш веке проблеми со колата......и како што кажува мајсторот дека оваа состојба што направил радилица оваа било од голема туража и било од порано и јас кога сум ја земал колата таа била при крај и до тука му било,фактички тие што ми ја продадоа они ми гарантираа дека ок е моторот и сега испаднува дека ме превариле и една работа ме чуди како истиот мајстор и кај двајца други бев и сите ми викаат моторот ти работи како нов и на компјутер ја имав немаше никаков дефект,и сега испаднува ненајдено оваа и да знаев дека оваа ке биде немаше да му направам сервис пред три недели,па дадов пари и на предница негде 500 евра ми отидоа,па не гуми па некои ситни работи што до сега ми отидоа 1500 евра и сега оваа со моторот,фактички давам 2500 евра до сега и пак не се знае како ке биде колата,дали ке биде ок или утре може друг проблем после да се појавува................

сега ме фатил нервоза и мака
што да правам дали половен мотор или комплет ремонт
а некои ми викаат дека веке таа кола нема да биде како што треба и со ремонт,сите ми викаат кај алфите тешко да се погоди ремонтот
и сега си мислам ѓшто да правам дали да ја ситкам за ефтини пари во оваа состојва дали да ја правам ремонт или пак половен мотор и да ја ситкам одма после......а со кјеф ја зедов и одма затемнати стакла и направив па полир па средуванје надворешно иред други работи и на крај што испадне...хмммм

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7689
  • Хорска Секција
Одг: ремонт на алфа ромео 156
« Одговори #1 на: 18 Август 2011, 08:01:54 am »
Жал ми е пријателе. Знам со колкав мерак и ентузијазам си ја купи. Мој совет е да ја прикрпиш колку да фунцкионира и да ја продадеш. Подобро да изгубиш на продажба уште некој денар одошто и понатаму да имаш главоболки. И така 156-ките си имаат познати маани и одржавањето е скапо.

Понатаму, ако сакаш бест-бај со ефтино одржување купи си Опел. А ако имаш малку повеќе парички земи си јапонско возило. Вакви гомнарии нема да ти се десат, а веќе има и делови по цивилни цени бидејќи се накотија дилери на јапонски и корејски делови.
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17675
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: ремонт на алфа ромео 156
« Одговори #2 на: 18 Август 2011, 08:15:08 am »
Leopard, да не си ја возел со мала количина уље ?

Што уље користиш ?

Иначе ремонт ко ремонт нема врска на која кола се прави. Проблем е само колку е оштетена радилицата. Доколку иде на прва специјала, и доколку под претпоставка нема други оштетувања, најскапо ќе те кошта руката. Егализирање ти е негде околу 2000 денара и ти требаат само лагери на радилица, кој не би требало да се над 50 евра.

Отсутен ace-106

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3468
Одг: ремонт на алфа ромео 156
« Одговори #3 на: 18 Август 2011, 08:27:34 am »
Стално вакви срањa се дешаваат на луѓе,кои со кеиф си ја средуваат колата :(

Друже или отварај мотор,и средија како што треба,или пазар3,па друг нека му ја мисли.

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: ремонт на алфа ромео 156
« Одговори #4 на: 18 Август 2011, 08:28:25 am »
Golemo sranje ti se slucilo so kolata. Ni toj sto ti ja prodal, ni bilo koj majstor moze da ja predvidi havarijata sto nastanala. Moj sovet kupi poloven motor, a od segasniot ke imas set na rebrast i varijator i mnogu drugi rezervni delovi.

Kakvo maslo stavi? Kuore veli alfite najmnogu stradale od nizok pritisok na masloto. Mozebi si stavil nekvalitetno maslo, radilicata najmnogu strada od tenko i skart maslo.

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7689
  • Хорска Секција
Одг: ремонт на алфа ромео 156
« Одговори #5 на: 18 Август 2011, 08:34:07 am »
Сигурно и не го проверувал нивото на масло. Тој мотор во граници на нормала може да троши и над литар на 1000 километри...

Инаку и ја би на друг мотор, половен за 500-600 евра и веднаш би ја продал. Останатите делови од овој мотор исто така би ги продал пошто-зашто, т.е. за 100-200 евра. Па се на се, штетата да е 300-400 евра вкупно.
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: ремонт на алфа ромео 156
« Одговори #6 на: 18 Август 2011, 08:39:54 am »
Што уље и да користел, очигледно немал доволно во картер - подолго време.
Уште еден Twin Spark отиден од лошо одржување...
Twin Spark сака уље. До максимум. Во зависност од начинот на возење и состојба на моторот, и до 700-800ml на 1000км
Мене ме чуди како ти рекле варијатор, а уствари радилица испаднало. Варијаторот има карактеристичен звук кој се јавува од горната лева страна на моторот. За радилица тропањето го слушаш ко` од под кола да ти доаѓа.
Ако  решиш нов мотор да зимаш земи 2.0

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
Одг: ремонт на алфа ромео 156
« Одговори #7 на: 18 Август 2011, 09:01:08 am »
Моето мислење веќе го пишав.. Скрати си ги маките - продади ја колата, и купи друга.

Што и да одлучиш - со среќа! Стварно е жално кога вакви работи ќе се случат.

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7056
Одг: ремонт на алфа ромео 156
« Одговори #8 на: 18 Август 2011, 09:13:37 am »
сочуство форумџија :( :-/

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: ремонт на алфа ромео 156
« Одговори #9 на: 18 Август 2011, 09:21:34 am »
Арно ти рече гојдо. Спремај ја и продавај ја. Си згрешил што си ја купил in the first place.

Присутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4996
Одг: ремонт на алфа ромео 156
« Одговори #10 на: 18 Август 2011, 09:45:22 am »
Друже да си ти здрав и жив кола се праи. Мене исто срање ми се деси со пежото купено све топ изгледа после некое време искача масло троши и ајде отворање карики ти реков ми рече и пак трошеше(претходниот мајстор не ги измерил хилзните искочија и тие истрошени) си сменив комплет хилзни со клипови и карики(за пежово беа изненадувачки евтини некои си 150евра). Ете ја колата ден денес се вози, јес да ми се скрши кејф и се тоа ама на татко ми е он си ја среди си ја вози. Мој совет прво најди некој мајстор за кој си сигурен дека е добар еве алфаџииве нека ти препорачаат. Колата кај него и после правете ги сите математики. И ако више ја правиш стегни зуби и смени све што е потрошно внатре, не ко на мене све ми смени ми вика абе добри ти се лагери на радилица(а тие коштаат некои 15евра) и да не ги сменеше друг пат ке требаше со таква глупост да се ебавам ради некој од нашиве “мајстори“(со чест на исклучоци).

Отсутен zarko alfa

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 51
Одг: ремонт на алфа ромео 156
« Одговори #11 на: 18 Август 2011, 09:51:05 am »
najverovatno e taa uvezena kola i stoena e na plac gospod znae kolku ja kupuvaat i butaat aditivi i vozi kolku vozi ne e prva alfa so tako problem istoto mu se sluci na drugarce lani motorot rabotese super bez nikakov problem dodeka ne izleze na avtopat e togas se stopi radilicata ( na 120 km brzina)

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
Одг: ремонт на алфа ромео 156
« Одговори #12 на: 18 Август 2011, 10:14:54 am »
Жал ми е другар, незнам, потзакрпи ја некако и продај ја. Кажи му само на тој што сака да ја купи у врска све ова, ипак е фер, нели, а пред се од безбедносни причини...не дај Боже! Ајфа и BMW друг пат не земај, не дека се лоши коли, таман работа - напротив, туку душата им ја извадиле тие што ја купиле претходно, впрочем затоа и ја зеле НОВА, нели ? :)

Отсутен RikiRulz

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10639
  • *** UNDERCOVER ***
Одг: ремонт на алфа ромео 156
« Одговори #13 на: 18 Август 2011, 10:49:03 am »
Жал ми е другар, незнам, потзакрпи ја некако и продај ја. Кажи му само на тој што сака да ја купи у врска све ова, ипак е фер, нели, а пред се од безбедносни причини...не дај Боже! Ајфа и BMW друг пат не земај, не дека се лоши коли, таман работа - напротив, туку душата им ја извадиле тие што ја купиле претходно, впрочем затоа и ја зеле НОВА, нели ? :)

Истото го мислам и јас... не знам, али некако не ги поштувам моторите на алфа, зборам за бензинецот... бидејки, пред неколку години во раце ми падна една 145 1.4 или 1.6 и за саат време возење... застана :) значи почна да не влече и да не прима, нема снага... и толку од нејзе... А еве слична приказна има и Мики со неговиот мотор, послабо му влече 150 коња кола губи од 90 кс...

А додека никој до сеа од дизел мотор не се пожалил...

Е сеа, и јас го имам истото мислење, како Џиџи, среди ја... и шитни ја... сигурно има болен мотор, или е издкана... а знаеш, за оджавање најефтино е Германско ауто, особено Опел и Фолцваген, а најизджливи се Јапонските... Хонда, Тојота, Сузуки .....

Па изборот е твој...

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17675
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: ремонт на алфа ромео 156
« Одговори #14 на: 18 Август 2011, 10:53:42 am »
Да не се користи проблемот за омаловажување на марката.