Реално мајсторите се многу добро платени. Било кој мајстор/занаетчија дали молер, дали плочкар, дали столар, дали водоводџија зема минимум 2 до 3 пати повеќе пари месечно од било кој интелектуалец со факултет вработен во државна администрација, некое министерство и слично. Нормално ако го бива и го бараат. Еве плочкарот кај мене што беше вика не можам глава да кренам, ќе исклучам телефон и 3-4 месеци ќе си одмарам дома. Тој за 2 дена вади чисти 100 евра профит. Па сега ти види колку вади во месецот. 20 дена да работи во месецот и да реди исто квадрати како кај мене ете ти ги 1000 евра. Молерот што работеше кај мене за 2 дена исто 7500 па сега ти види си убаво. Нема подобро од занает!!! Едноставно нема. Штета што се упропастивме со тие гимназии штета и што сите млади деца сега сакаат да учат гимназија, поради друштво не поради нешто друго, бидејќи таков е трендот сите гимназија одат несвесни дека си прават лошо за во иднина. Затоа што си вика ако отидам електричар ќе неам другари.