Да бе, 30% беше камата на годишно ниво во ТАТ.
Само не мислете дека луѓето тогаш не знаеја дека е заебанција тоа со ТАТ.
Со ТАТ имаше 2 „афери“.
1994-5 се пушти муабет низ градот дека ТАТ ќе пропадне и сите ги извлекоа парите.
На крај као „пу-пу“ не важи, со ТАТ се е во ред.
Соња после тоа на тие што се враќаа им даваше многу пониска камата,а на „лојалните“ им ја покачи на 30%.
Февруари 1997 пак се пушти муабет низ град дека ТАТ ќе ја затворат. Овој пат луѓето „поучени“ од претходната „дојава“ ги оставија парите.
Башка Кирчо и даде признание за најдобар бизнисмен во 1996 и луѓето си викаат сигурно е пак некоја политичка игра.
Да не се лажеме, многу луѓе (обични луѓе) направија многу многу пари со ТАТ. Некои од нив откако го дуплираа имотот за 2 години вложија во бизниси/недвижнина и ене ден денес си живеат убаво.
Долго траеше ТАТ (3-4 години), не беше нешто што беше кратко.
Во тој период, Битола тогаш беше Монте Карло. Се испокупија станови, коли, дуќани, ...се испродадоа станови, куќи и ниви за што поголеми штедни влогови
Евро Кар стана гигант преку ноќ откако цел град испознакупи Фелиции, дуќаните живнаа, бутици, кафичи, ...вистински катализатор беше.