Автор Тема: Бизнис идеи  (Прочитано 65496 пати)

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13939
Одг: Бизнис идеи
« Одговори #75 на: 15 Ноември 2016, 12:20:20 pm »
Не си играјте со вакви работи деца...

Едно другарче се изгоре лани од вакви пирамидални глупости. 2000 евра лупна со позајмувања со што ти не, а само што му се роди бебе.

Другар му некој динар зеде и му вика „ете брат вистина е“ и благодарение на тој другар уште 4-5 души навлекоа.

Тоа им е финтата. На еден ќе му дадат, 5 ќе „заразат“.

Отсутен Спенсер

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7387
Одг: Бизнис идеи
« Одговори #76 на: 15 Ноември 2016, 12:28:03 pm »
Братучед на мој другар зема кредит 2500евра за оваа работа, или некоја слична. Мој другар исто, купуваше некој пакет 2000 евра, пцто само ќе му било уклучено и пари ќе му стигале... :D :D :D

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13939
Одг: Бизнис идеи
« Одговори #77 на: 15 Ноември 2016, 12:30:17 pm »
Гладна кокошка просо сонува.

Си играт мајтап со народот. Очаен за динар плус, си наоѓаат вакви овци за стрижење.

Отсутен tjolie

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1270
Одг: Бизнис идеи
« Одговори #78 на: 15 Ноември 2016, 12:36:39 pm »
Не можам да разберам како народот се лаже, еј кредит зимаат ??? таквите што дават и имат да дадат по +2000евра не се за жалење. лаком газ 2 Qра јаде само не можам да разберам како сеуште се лаже народот ??? порано ајде немаше интернет не се знаеше ама еј 21 век 2016 и сеуште се лажат ??? како што викаше Ѓорги Колозов, човековото око е ненаситно, колку и да има се му е малце, е баш таквите што превисоко летаат ниско паѓаат. Не можам едноставно да разберам како може да се лаже сеуште народот, ако е тоа така и вистина, кој не би го направил тоа, кој би бил луд/глупав да работи ??? свашта

Присутен 386ka

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 873
  • Am386 DX/DXL-40
Одг: Бизнис идеи
« Одговори #79 на: 15 Ноември 2016, 12:38:39 pm »
Еве тазе видео од Џон Оливер на темата. Во принцип, успехот на компанијата зависи од тоа колку луѓе „ќе заебеш“ под тебе.



Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6450
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Бизнис идеи
« Одговори #80 на: 15 Ноември 2016, 12:46:21 pm »
Не науче народот од TAT  ;D


Цитат: Википедија
Поради големата популарност на штедилницата, во 1996. година Николовска била прогласена за најдобра жена-бизнисмен во Македонија и признанието ѝ го врачил претседателот на Републиката Киро Глигоров.

« Последно менување: 15 Ноември 2016, 12:53:44 pm Power to the people »

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13939
Одг: Бизнис идеи
« Одговори #81 на: 15 Ноември 2016, 13:23:59 pm »
Да бе, 30% беше камата на годишно ниво во ТАТ.

Само не мислете дека луѓето тогаш не знаеја дека е заебанција тоа со ТАТ.

Со ТАТ имаше 2 „афери“.

1994-5 се пушти муабет низ градот дека ТАТ ќе пропадне и сите ги извлекоа парите.

На крај као „пу-пу“ не важи, со ТАТ се е во ред.

Соња после тоа на тие што се враќаа им даваше многу пониска камата,а на „лојалните“ им ја покачи на 30%.

Февруари 1997 пак се пушти муабет низ град дека ТАТ ќе ја затворат. Овој пат луѓето „поучени“ од претходната „дојава“ ги оставија парите.

Башка Кирчо и даде признание за најдобар бизнисмен во 1996 и луѓето си викаат сигурно е пак некоја политичка игра.


Да не се лажеме, многу луѓе (обични луѓе) направија многу многу пари со ТАТ. Некои од нив откако го дуплираа имотот за 2 години вложија во бизниси/недвижнина и ене ден денес си живеат убаво.

Долго траеше ТАТ (3-4 години), не беше нешто што беше кратко.

Во тој период, Битола тогаш беше Монте Карло. Се испокупија станови, коли, дуќани, ...се испродадоа станови, куќи и ниви за што поголеми штедни влогови :)

Евро Кар стана гигант преку ноќ откако цел град испознакупи Фелиции, дуќаните живнаа, бутици, кафичи, ...вистински катализатор беше.


Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14292
  • Пудингот на шоферството
Одг: Бизнис идеи
« Одговори #82 на: 15 Ноември 2016, 13:25:33 pm »
Значи сега ТАТ уствари е потег на векот.Браво другар,сакам и јас од печурките. :)
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13939
Одг: Бизнис идеи
« Одговори #83 на: 15 Ноември 2016, 13:26:45 pm »
Значи сега ТАТ уствари е потег на векот.Браво другар,сакам и јас од печурките. :)

Потег на векот за измама :) што траеше долго време.

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14292
  • Пудингот на шоферството
Одг: Бизнис идеи
« Одговори #84 на: 15 Ноември 2016, 13:28:13 pm »
Па мора да е подолго да се завртат повеќе пари,неможи преку ноќ да исцицаш над 100 милиони марки од народ.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13939
Одг: Бизнис идеи
« Одговори #85 на: 15 Ноември 2016, 13:34:54 pm »
Како што е и сега. 5 милијарди само овој пат - 10 години!

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14292
  • Пудингот на шоферството
Одг: Бизнис идеи
« Одговори #86 на: 15 Ноември 2016, 13:38:13 pm »
Не споредувај крадење од власта(шо е практика од сите наши влади до сега),со крадење во вид на пирамидални штедилници и сл...
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13939
Одг: Бизнис идеи
« Одговори #87 на: 15 Ноември 2016, 13:39:32 pm »
А што демек власта не украде од пирамидалната штедилница ? :D  Кај отидоа 100-те милиони? :)

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20115
Одг: Бизнис идеи
« Одговори #88 на: 15 Ноември 2016, 13:40:35 pm »
Власта наша е класична понзи шема. Ветуваат планини пред избори ако направиш нешто за нив, после тие исплати нигде ги нема за повеќето луѓе освен за луѓе ептен блиски до нив.

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14292
  • Пудингот на шоферството
Одг: Бизнис идеи
« Одговори #89 на: 15 Ноември 2016, 13:43:43 pm »
А што демек власта не украде од пирамидалната штедилница ? :D  Кај отидоа 100-те милиони? :)
Неможам да те следам,еднаш викш 5 милијарди во последните 10г,после велиш 100 милиони ги зела власта.Која е понтата?
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D