Докторе, Мондео мк3 2001ва, тдди 90кс, ми се случува туражата да не работи на моменти (некои 5-6 пати последниве 2 месеци), се случува кога ја ставам во прва. Значи исто како да не постои туражата, со бавно отпуштање на кумплугот тек кога ќе забрза тогаш проработува, истото ми се случи и на нагорнина, пробав и да го изгаснам моторот, по 2-3 секунди повторно палење но џабе, тек после 2-3 минути на изгаснат мотор си проработи потоа. Во меѓувреме ја носев и на технички, и кај двајца мајстори, никој не успеа да ја повтори истата случка , викаат терај ако зачести тогаш иди пак, а некако еве зачестува... Што може да е ?