Здраво Луки
Дали по некоја случајност му пренесе на таткоти да спомне дека цените се од Докторот или пак му ја испечати дадената понуда?
Како би знаеле приемните рефернети за што станува збор?
Цените беа формирани за ВАС - тие се промотивни цени за да им помогнеме на присутните на форумот. Додатно, можеш и приватна порака да ни испратиш за да ти обрнеме внимание за вакво недоразбирање.
Како сега да ти помогнеме?
Поздрав,
Докторот
Добро докторе, така е, референтите не знаат за Луки, нит па татко ми знае за Форд Доктор. Тој лично има негативно искуство со МиДа за неговата службена Лада Нива, ама тоа е друга прикаска.
Инаку за 100% транспарентност, еве што му реков на татко ми за понудата. Вечерта на 3ти Ноември ми се јави и ми рече дека ќе ги земе наредниот ден. (Пишав на темата мислам)

А како точно се одвивал разговорот во МиДа меѓу татко ми и референтите, не знам, не сум бил таму. Само знам дека цените што му ги пуштив на мејл, со тие што му ги презентирале биле различни.
Ако е така со цените, најверојатно сега лично ќе дојдам и ќе ги земам.