Автор Тема: Ford доктор за Ford прашања  (Прочитано 257337 пати)

Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55107
  • Махер
Одг: Ford доктор за Ford прашања
« Одговори #255 на: 26 Јули 2014, 16:12:05 pm »

леле смачкана фиестава,дај остајте таблиците да ги видиме кога ќе ја продава да не ни ја ували

:D
Toa jas odma rekov. Krs... Gotovo.

Отсутен Unique*

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 2
Одг: Ford доктор за Ford прашања
« Одговори #256 на: 30 Јули 2014, 22:25:36 pm »
Имам форд фиеста 2003 година.. во последно време започна нешто да тропа кога колата е во лер, значи кога не е под гас, и кога има кумплунг стиснато.. Инаку се друго најнормално си функционира...Ја однесов кај најблискиот автомеханичар ми рече дека станува збор за некој хидроуличен затегач ( дугк лагер или како и да се вика) сигурна сум дека знаете за што зборувам, па да не испаднам смешна Е сега.. имам две прашања.. едното е колку чини таков лагер нов да се купи, и дали колата вака како што е можам да одам на краток пат од околу 150 км... дали има некоја опасност како за колата така и за мене... бидејќи патот ми е неодложен...
Tantum possumus, quantum scimmus!

Отсутен Bojan j

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3049
Одг: Ford доктор за Ford прашања
« Одговори #257 на: 30 Јули 2014, 22:36:18 pm »
Докторе, ме заебаваат копчињата на волан. Те работат, те не работат, те се мешаат едно со друго. Пример сакам да појачам звук, тоа ми мења станица. Ме иритира. Сте имале ваков проблем до сега? Станува збор за истиот модел на Фиеста како бордото, само светло плава :D
Па се купува ли светло плава фиеста со команди на волан... :) Мала шега.
Го имаме сретнато предходно истиот проблем и проблемот беше во софтверското подесување. Но немора да значи, може и да е механичко оштетување или дотрајаност на конекторите во самите команди. Ако можеш пиши ни го бројот во приватна порака и колегите ќе те побараат или утре или во Вторник да се консултираат со тебе за да го решите проблемот.

Поздрав,
Докторот
Ми се јавија денес, ќе поминам наредна недела. Огромна благодарност :)

Отсутен Bojan j

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3049
Одг: Ford доктор за Ford прашања
« Одговори #258 на: 30 Јули 2014, 22:37:13 pm »
Имам форд фиеста 2003 година.. во последно време започна нешто да тропа кога колата е во лер, значи кога не е под гас, и кога има кумплунг стиснато.. Инаку се друго најнормално си функционира...Ја однесов кај најблискиот автомеханичар ми рече дека станува збор за некој хидроуличен затегач ( дугк лагер или како и да се вика) сигурна сум дека знаете за што зборувам, па да не испаднам смешна Е сега.. имам две прашања.. едното е колку чини таков лагер нов да се купи, и дали колата вака како што е можам да одам на краток пат од околу 150 км... дали има некоја опасност како за колата така и за мене... бидејќи патот ми е неодложен...
Друк лагер?

Отсутен nsx-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9213
Одг: Ford доктор за Ford прашања
« Одговори #259 на: 31 Јули 2014, 00:50:42 am »
друк лагерот е 99% и не баш тропа,туку менува звук
ако е ова дијагнозата комотно можеш да возиш уште 10.000км е ако стварно тропа тогаш посети механичар

Отсутен Bojan j

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3049
Одг: Ford доктор за Ford прашања
« Одговори #260 на: 31 Јули 2014, 01:47:53 am »
друк лагерот е 99% и не баш тропа,туку менува звук
ако е ова дијагнозата комотно можеш да возиш уште 10.000км е ако стварно тропа тогаш посети механичар
Не е нормално да менува звук при стискање на квачило?

Отсутен nsx-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9213
Одг: Ford доктор за Ford прашања
« Одговори #261 на: 31 Јули 2014, 10:08:08 am »
не е,зависи од кола до кола,ептен малце да смени звук може,ама ако апла се приметува тогаш сигурно не е

Отсутен Unique*

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 2
Одг: Ford доктор за Ford прашања
« Одговори #262 на: 31 Јули 2014, 23:11:53 pm »
Колата не работеше претходно така, ова е последнава недела... Да точно е дека се менува звукот при стиснато квачило и во лер, а тој променет звук мене ми оди на чукање :D како различен слух да имаме ние жените од мажите :P :D

Ви благодарам на одговорот
Tantum possumus, quantum scimmus!

Отсутен Bojan j

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3049
Одг: Ford доктор за Ford прашања
« Одговори #263 на: 01 Август 2014, 00:34:52 am »
Тоа зашто ич не не слушате... :)

Отсутен Ford Fikus

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 421
  • Ford Focus 1.4 mk2.5
Одг: Ford доктор за Ford прашања
« Одговори #264 на: 01 Август 2014, 10:39:07 am »
Докторе, до кога ќе ви трае акцијава за вградување на USB медиа приклучок, ќе ја нудите стално како опција или ви е некоја моментална акција?
Благодарам.

Отсутен Bojan j

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3049
Одг: Ford доктор за Ford прашања
« Одговори #265 на: 01 Август 2014, 11:29:32 am »
^Ај повеќе детали за ова, не сум видел...?

Отсутен Мида Гранд Моторс

  • Official Ford Representative
  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 153
  • Претставник за Ford и Hyundai во Македонија
    • Мида Гранд Моторс
Одг: Ford доктор за Ford прашања
« Одговори #266 на: 04 Август 2014, 17:05:56 pm »
Докторе, до кога ќе ви трае акцијава за вградување на USB медиа приклучок, ќе ја нудите стално како опција или ви е некоја моментална акција?
Благодарам.
Најверојатно нема за стално да биде, но сигурно уште некои два месеца ќе трае - додека не се продадат утредите.
Мида Гранд Моторс
www.ford.mk || www.hyundai-mk.mk

Отсутен nefer

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 643
Одг: Ford доктор за Ford прашања
« Одговори #267 на: 06 Август 2014, 23:35:36 pm »
неколку  прашање за постарите фиести ендури  ( и Ка), од 1996-97 година, со моторот 1,3/37кв со ланче, таканаречени корњачи :
- Фабрички имаа хидрауличен друк лагер со Бот вентил,  но тие веќе никој не ги прави. Сега се нудат пластични друк лагери, но мора да се прошируваат двата отвора на звоното. Дали сте го правеле тоа и колку ја наплаќате таа услуга при менување на сет ?.
- На времето сакав да купам 200-300мл оригинално тиме лифе масло за менувач, но не продававте мала количина, а за работната рака баравте 800мкд. Но испадна дека и не знаевтте колку масло има во возилото, дури и во оригиналната книгичка што ја добив со колата пишува погрешно, колата има 3,1л масло во менувачот а не 2,8л. Околу фабричкото масло  наидов на разни мислења, дали се менува или не, најдов дека сепак и тиме лифе масло се менува по некојх поголем период и го заменив целото  со синтетичко масло средна класа (600 мкд/литар), кое што мислам да го менувам на 225-30,000км или макс 3-4 години. Со заменското масло во менувач веке втората зима повеќе се осеќа проблемот со ниските температури, посебно ако не се вози секој ден.
- Дали има техничка  можност и економски резон мотор и менувач или само мотор од старите фиести ендури  да се вгради на фиеста од малку поново годиште (199-2001)  а со мотор зетек ?
поздрав
Имам една забелешка на поранешниот приод на сервисот кон возила вон гарантен рок, а во смисол на непродавање на дел од друг модел на форд а кој одговара за овој, ама наводно во нормативот не е предвидено. Конкретно ќе наведам пример, затегач за ПК  каиш . Уште 2002 кога ја купив фиестата на старо, барав кај вас тркалце, ми понудивте само комплет затегач од 200 евра, а мислам дека и пред 4-5 години кога пак барав уште истото го нудевте. Незнам зошто да не се  продаваат  и посебни делови.
Исто така постојат и помали фабрички грешки, н.пр. гумениот дихтунг (двоен о-ринг) за ИАЦ вентилот за лехр гас е многу тенок, а шлебот во пластичната всисна грана е длабок, па при чистење на ИАЦ вентилот дихтунгот се пресува. Гледам дека многу производители на ИАЦ вентил преминале на дихтунг од рамна гума , ( по примерот на форд УСА, н.пр. истиот дихтун за фиеста , Ка и други одговара од Мустанг и чини само 1$ ). И ОПЕЛ ги користи сличните ИАЦ вентили, а имаат рамен дихтунг, само  што цената им е безобразно голема (11$ ). Исто имам забелешка и за вас и за нив да нема како дел кратка завртка  за ИАЦ вентил, имено по консултација со вас а и со други искусни лица ја исфрлив комората која беше пред ИАЦ вентилот, ама бидејќи не можев да најдам кратка завртка морав да вградам усадна гола завртка, а што е можеби и подобро, бидејќи при вадење на ИАЦ вентилот не се одвртува од усисна глава туку само 2 мутера, се штити навојот во усисна глава. А мислам дека и правилото дека ИАЦ не се чисти не е во ред, ако можат да го чистат европјани и американци со 6 х поголеми приходи од нас  смешно е да се правиме паметни.
Друго е за возила под гарантен рок.
поздрав и успешна работа

Отсутен Мида Гранд Моторс

  • Official Ford Representative
  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 153
  • Претставник за Ford и Hyundai во Македонија
    • Мида Гранд Моторс
Одг: Ford доктор за Ford прашања
« Одговори #268 на: 07 Август 2014, 10:16:13 am »

Здраво Нефер,

као одговор на дел  твоите прашања ќе ти ја кажам политиката на работење на Ford,односно ние како овластен сервис на Fordови возила мораме да работиме строго по правилата диктирани од производителот т.е. не се дозволени никакви технички модификации од причина што со тоа се решава моменталниот проблем а не се знае што таа модификација може да предизвика понатаму.За прашањето во врска со промена на друк лагер и на мотор нашиот сервис не прави такви активности.Се надевам нашиот одговор ги задоволи твоите очекувања и сакам да нагласам дека си добредојден во нашиот сервис било за поправка било за совет.
поздрав и пријатен ден,
Докторот
Мида Гранд Моторс
www.ford.mk || www.hyundai-mk.mk

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6993
  • Бенве сие бенве
Одг:
« Одговори #269 на: 07 Август 2014, 13:37:25 pm »
Doktore, koj motor go preporacuvas za Street Ka? Letovo pomina ama za slwdno se mislam megu nea i daihatsu copen, mnogu sexy kolice e street ka, a so nea moze pobrzo i zenska kje si fanam :)