неколку прашање за постарите фиести ендури ( и Ка), од 1996-97 година, со моторот 1,3/37кв со ланче, таканаречени корњачи :
- Фабрички имаа хидрауличен друк лагер со Бот вентил, но тие веќе никој не ги прави. Сега се нудат пластични друк лагери, но мора да се прошируваат двата отвора на звоното. Дали сте го правеле тоа и колку ја наплаќате таа услуга при менување на сет ?.
- На времето сакав да купам 200-300мл оригинално тиме лифе масло за менувач, но не продававте мала количина, а за работната рака баравте 800мкд. Но испадна дека и не знаевтте колку масло има во возилото, дури и во оригиналната книгичка што ја добив со колата пишува погрешно, колата има 3,1л масло во менувачот а не 2,8л. Околу фабричкото масло наидов на разни мислења, дали се менува или не, најдов дека сепак и тиме лифе масло се менува по некојх поголем период и го заменив целото со синтетичко масло средна класа (600 мкд/литар), кое што мислам да го менувам на 225-30,000км или макс 3-4 години. Со заменското масло во менувач веке втората зима повеќе се осеќа проблемот со ниските температури, посебно ако не се вози секој ден.
- Дали има техничка можност и економски резон мотор и менувач или само мотор од старите фиести ендури да се вгради на фиеста од малку поново годиште (199-2001) а со мотор зетек ?
поздрав
Имам една забелешка на поранешниот приод на сервисот кон возила вон гарантен рок, а во смисол на непродавање на дел од друг модел на форд а кој одговара за овој, ама наводно во нормативот не е предвидено. Конкретно ќе наведам пример, затегач за ПК каиш . Уште 2002 кога ја купив фиестата на старо, барав кај вас тркалце, ми понудивте само комплет затегач од 200 евра, а мислам дека и пред 4-5 години кога пак барав уште истото го нудевте. Незнам зошто да не се продаваат и посебни делови.
Исто така постојат и помали фабрички грешки, н.пр. гумениот дихтунг (двоен о-ринг) за ИАЦ вентилот за лехр гас е многу тенок, а шлебот во пластичната всисна грана е длабок, па при чистење на ИАЦ вентилот дихтунгот се пресува. Гледам дека многу производители на ИАЦ вентил преминале на дихтунг од рамна гума , ( по примерот на форд УСА, н.пр. истиот дихтун за фиеста , Ка и други одговара од Мустанг и чини само 1$ ). И ОПЕЛ ги користи сличните ИАЦ вентили, а имаат рамен дихтунг, само што цената им е безобразно голема (11$ ). Исто имам забелешка и за вас и за нив да нема како дел кратка завртка за ИАЦ вентил, имено по консултација со вас а и со други искусни лица ја исфрлив комората која беше пред ИАЦ вентилот, ама бидејќи не можев да најдам кратка завртка морав да вградам усадна гола завртка, а што е можеби и подобро, бидејќи при вадење на ИАЦ вентилот не се одвртува од усисна глава туку само 2 мутера, се штити навојот во усисна глава. А мислам дека и правилото дека ИАЦ не се чисти не е во ред, ако можат да го чистат европјани и американци со 6 х поголеми приходи од нас смешно е да се правиме паметни.
Друго е за возила под гарантен рок.
поздрав и успешна работа