Автор Тема: Ford доктор за Ford прашања  (Прочитано 239854 пати)

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13932
Одг: Ford доктор за Ford прашања
« Одговори #15 на: 25 Март 2014, 17:09:57 pm »
Онака едно падобранско прашање :)

Пред некоја година од блиски извори на МИ-ДА :D добив некои информации дека ќе носите Мустанг во Скопје и ќе има тест возење,
па кога би не почестиле со едно такво задоволство ? :)

Отсутен Мида Гранд Моторс

  • Official Ford Representative
  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 153
  • Претставник за Ford и Hyundai во Македонија
    • Мида Гранд Моторс
Одг: Ford доктор за Ford прашања
« Одговори #16 на: 25 Март 2014, 18:15:31 pm »
Па веруваме знаете дека новиот Ford Mustang ќе биде достапен за Европски пазар од 2015. Сигурно е дека ќе го донесеме но сеуште е рано за да ви закажеме тест возење :)
Единствена дилема сега за сега ни е дали да биде 2.3l EcoBoost (309PS) или 5.0 V8 (+426PS)... каде сега за сега сме наклонети кон V8...
Во случај да ве интересира повелете технички спецификации: http://bit.ly/1dKGhcm

Поздрав,
Ми-Да Гранд Моторс
Мида Гранд Моторс
www.ford.mk || www.hyundai-mk.mk

Присутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43719
  • Il Moderatore
Одг: Ford доктор за Ford прашања
« Одговори #17 на: 25 Март 2014, 18:31:12 pm »
Поздрав Мида,  Донесете ги и двата :) Јас сум сигурен дека сите ќе сакаат V8  а дека повеќето што ќе купат - ќе купат EcoBoost ;)

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Ford доктор за Ford прашања
« Одговори #18 на: 25 Март 2014, 19:10:25 pm »
Јас сакам 2.3 екобуст во Фиеста ако може молам....

Отсутен DayWalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3063
  • Ќебапбрингер!
Одг: Ford доктор за Ford прашања
« Одговори #19 на: 25 Март 2014, 23:31:19 pm »
Голема грешка направивте што не регистриравте 1.0 екобуст у Фиеста и масовно на цело село не го понудевте на тест. И слеп и ќор да и се качи. Па продажбата да рипнеше. Ем нормални коли че се возеа :)
Ја сум со 1.25 Фиеста, перфектно мало моторче, али 1.0 екобуст е институција. Мора да се едуцира нашиов народ :D

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20115
Одг: Ford доктор за Ford прашања
« Одговори #20 на: 25 Март 2014, 23:43:12 pm »
Тест возење на Фиеста СТ за мене. ;D

Отсутен Drive-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7476
  • FB Vlecna Suzba Niko-m
Одг: Ford доктор за Ford прашања
« Одговори #21 на: 25 Март 2014, 23:52:03 pm »
Новото мондео кога планирате да го донесете?

Отсутен Ford Fikus

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 421
  • Ford Focus 1.4 mk2.5
Одг: Ford доктор за Ford прашања
« Одговори #22 на: 26 Март 2014, 10:14:57 am »
Одличен потег на МИ-ДА.
Мора да потенцирам дека во последно време се трудите да го срушите митот што генерално кај нас го имаат овластените сервиси на марките возила кои се нудат кај нас. Ве охрабрувам така да продолжите зошто така би имале обострана корист.

И норамлно, пошто е форум за прашања и одговори, Ве молам да ни кажете на колкав интервал е препорачано да се менува сет ремени. Конкретно за мене, Форд Фокус, 2008 год и поминати 76к км.

Отсутен Мида Гранд Моторс

  • Official Ford Representative
  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 153
  • Претставник за Ford и Hyundai во Македонија
    • Мида Гранд Моторс
Одг: Ford доктор за Ford прашања
« Одговори #23 на: 26 Март 2014, 12:18:56 pm »
Одличен потег на МИ-ДА.
Мора да потенцирам дека во последно време се трудите да го срушите митот што генерално кај нас го имаат овластените сервиси на марките возила кои се нудат кај нас. Ве охрабрувам така да продолжите зошто така би имале обострана корист.

И норамлно, пошто е форум за прашања и одговори, Ве молам да ни кажете на колкав интервал е препорачано да се менува сет ремени. Конкретно за мене, Форд Фокус, 2008 год и поминати 76к км.
Фикус, :)
Поради тоа што нема начин да се провери состојбата и исправноста на ребрестиот ремен, за твоето возило препорачана е промена на 5-6 години/90к-100к км

Новото мондео кога планирате да го донесете?

До крајот на оваа година ќе пристигне новото Ford Mondeo

Тест возење на Фиеста СТ за мене. ;D
И ја би... :(

Голема грешка направивте што не регистриравте 1.0 екобуст у Фиеста и масовно на цело село не го понудевте на тест. И слеп и ќор да и се качи. Па продажбата да рипнеше. Ем нормални коли че се возеа :)
Ја сум со 1.25 Фиеста, перфектно мало моторче, али 1.0 екобуст е институција. Мора да се едуцира нашиов народ :D
Дефинитивно 1.0 EcoBoost Fiesta е монструм од автомобил но за жал во Македонија автомобилскиот пазар е многу ценовно осетлив и цената на EcoBoost е многу блиску до 1.5TDCi - а знаеме "Дизел е во Trend" така да не е баш исплатливо да форсираме нешто што Македонскиот купувач би го пробал а на крај би купил 1.25i или 1.5TDCi - подобро масовно на цело село на две такви Fiest-и за кои се заинтересирани него EcoBoost кој само би го испробале. А инаку тој мотор е подобар за Focus (тест возење тука); премногу е за кај Fiesta - 1.25i е реално сосема ок.

Поздрав Мида,  Донесете ги и двата :) Јас сум сигурен дека сите ќе сакаат V8  а дека повеќето што ќе купат - ќе купат EcoBoost ;)
Зависи од ценовната разлика, како и секогаш... но Ford Mustang е Ford Mustang кога има V8 под хауба; а не i-4... imho.

Поздрав,
Ми-Да Гранд Моторс
Мида Гранд Моторс
www.ford.mk || www.hyundai-mk.mk

Отсутен Blackadder

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 88
Одг: Ford доктор за Ford прашања
« Одговори #24 на: 26 Март 2014, 22:05:45 pm »
Здраво Мида, најпрво браво за потегот, и добредојдовте (и јас сум релативно нов член :) ). Имам едно прашање: На мојава Фиеста (купена 10/2008, mk 6.5 - facelift), досега имам поминато 39000 км, со сервиси правени еднаш годишно во официјалниот сервисер во Битола, и тоа пакетите за редовно сервисирање (масло, филтри за масло, полен, гориво и воздух). Дали е потребно, на мојата километража и годиште, да се прават други сервисни замени на делови, или сепак тоа треба да го проверат и предложат сервисерите во Автоцентар - Бт? Фала, поздрав!

Отсутен Мида Гранд Моторс

  • Official Ford Representative
  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 153
  • Претставник за Ford и Hyundai во Македонија
    • Мида Гранд Моторс
Одг: Ford доктор за Ford прашања
« Одговори #25 на: 27 Март 2014, 11:32:27 am »

Ако немаш никакви проблеми на таа километража тогаш нема потреба да интервенираш, "не поправај нешто што веќе добро работи" :) Во блиска иднина (за година дена) може да направиш промена на ремени за да бидеш на сигурно. А доколку почне нешто "да зеза" слободно обрати се кај дечките во Автоцентар Битола и ќе ти го решат проблемот, а и ние сме тука за било каква консултација.

Поздрав,
Ми-Да Гранд Моторс
Мида Гранд Моторс
www.ford.mk || www.hyundai-mk.mk

Отсутен Allexxander

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5834
Одг: Ford доктор за Ford прашања
« Одговори #26 на: 27 Март 2014, 11:41:57 am »
@ The Blob, смени свеќици обавезно, доколку не си ги сменил до сега.

Отсутен Мида Гранд Моторс

  • Official Ford Representative
  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 153
  • Претставник за Ford и Hyundai во Македонија
    • Мида Гранд Моторс
Одг: Ford доктор за Ford прашања
« Одговори #27 на: 27 Март 2014, 11:54:07 am »
@ The Blob, смени свеќици обавезно, доколку не си ги сменил до сега.
(масло, филтри за масло, полен, гориво и воздух).
Предпоставуваме дека станува збор за TDCi штом е променет филтер за гориво; Blob, мотор?
Мида Гранд Моторс
www.ford.mk || www.hyundai-mk.mk

Отсутен Blackadder

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 88
Одг: Ford доктор за Ford прашања
« Одговори #28 на: 27 Март 2014, 12:04:14 pm »
@ The Blob, смени свеќици обавезно, доколку не си ги сменил до сега.
(масло, филтри за масло, полен, гориво и воздух).
Предпоставуваме дека станува збор за TDCi штом е променет филтер за гориво; Blob, мотор?
Не е дизел, 1.4 бензинец е (Duratec). Доплатив нешто за да го променат и тој филтер, немав појма дали да го менувам и реков better be safe. Ама се ми се чини, дека во досегашните сервиси само 2 пати сум го менал тој филтер, еднаш во Бт и мислам еднаш во Ск (едниот од сервисите го направив кај Вас во Мида кога бев во Ск во периодот кога беше колата за сервис). Ќе проверам во документацијата и ќе ви испратам ПП со детали кога и што сум менувал, да ми дадете препорака евентуално што како во наредниот период. Благодарам

Отсутен Мида Гранд Моторс

  • Official Ford Representative
  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 153
  • Претставник за Ford и Hyundai во Македонија
    • Мида Гранд Моторс
Одг: Ford доктор за Ford прашања
« Одговори #29 на: 27 Март 2014, 12:39:20 pm »
@ The Blob, смени свеќици обавезно, доколку не си ги сменил до сега.
(масло, филтри за масло, полен, гориво и воздух).
Предпоставуваме дека станува збор за TDCi штом е променет филтер за гориво; Blob, мотор?
Не е дизел, 1.4 бензинец е (Duratec). Доплатив нешто за да го променат и тој филтер, немав појма дали да го менувам и реков better be safe. Ама се ми се чини, дека во досегашните сервиси само 2 пати сум го менал тој филтер, еднаш во Бт и мислам еднаш во Ск (едниот од сервисите го направив кај Вас во Мида кога бев во Ск во периодот кога беше колата за сервис). Ќе проверам во документацијата и ќе ви испратам ПП со детали кога и што сум менувал, да ми дадете препорака евентуално што како во наредниот период. Благодарам
Слободно испрати ни ги работните налози. Ќе ги проследиме и ќе ти кажеме дали треба нешто да се интервенира
Поздрав,
Ми-Да Гранд Моторс
Мида Гранд Моторс
www.ford.mk || www.hyundai-mk.mk