Навистина не ја гледам поентата за рекламирање на производи или бренд на форум и да се кријат цени.
Која е поентата на "цена во инбокс" или јави ми се за информации на "ХХХХХХХХХ"
Што продавате шверцан кавијар, биткоини, крадени радија од коли, екстази па се криете од џандари, демек да не ве фати НТШ?
Ако имаш одредено цена за производот што го продаваш, објави ја тука затоа што некој друг член ќе ја прочита темава и ќе ја добие информацијата без да треба да се замара со инбокс и вртење телефони. Ако е заинтересиран (а верувам ќе има многу кои ќе сакаат да пробаат производи од брендот) ќе те контактира по пп или телефон и ќе дојде да го купи.
Разбирам да не се кажуваат цени на услуги од типот лепење фолии, полирање возила и слично затоа што секое возило има различна цена која зависи од многу фактори.
Ама да продаваш факинг восок во кутија од фиксни милилитри и цената да е енигма е тотален нонсенс.
Да не му варира цената на восокот на берза па преку ноќ рипа 20% и паѓа 20%, па да изгуби маржа продавачот?
Се надевам дека
@zeroSignal и останатите модератори ќе интервенираат затоа што не гледам поента во ваквите постови и дискусии.