Update:
Во октомври годинава цркна акумулаторот Топла кој беше стар од 2010 година, соодветно променет со Exide не знам кој модел, мислам има 2 или три годишна гаранција. Исто така променет е еден греач за нафта марка Денсо.
Сервисирано во овластен.
Акумулатор = 4750 денари
Греач за нафта = 750 денари
Вкупно = 5500 денари
Монтиран Блутут уред и воедно турен AUX кабел со помош од пријателите од Дог кои го поврзаа да се пали на контакт а за останатото јас го спроведов кабелот и го залепив на саканата позиција. Уредот е прекрасен ми праи премногу мерак.
Станува збор за Kinivo BTC 450 кој го купив од Амазон:
.
Будење на опцијата AUX:
Kinivo BTC 450 = 39.99 долари
AUX Cable by Yatour = 9.90 долари
Dog security = 200 денари
Ставен е зимскиот сет и воедно центрирана е предницата.
900 денари.
Монтиран Pro Xenon во Dog Security бидејќи претходниот испушти душа... Но затоа конечно осетив што значи ксенон, за разлика од претходниот со овој нема потреба од долги светла на автопат! Исто така наштелувани се фаровите во ПСС.
Цена сосе монтажа 4000 денари.
И на крај, бидејќи сакав да се праам мајстор да менувам сијалички на копчињата за отварање прозор ги искршив... Па бидејки немаше никаде половни, мораше нови кои чинеа доста солено... И додека бев во Рено сервисот да порачувам нови ми текна на некои моменти па си реков кад је бал нек буде маскенбал
Па така си нарачав нов внатрешен ретровизор зошто огледалото почна да го снемува, капачиња за фарови бидејки сегашните се дупнати за ксенонот ги земав зошто другата година планирам една тура низ источна европа па ќе идам со обични сијалици и копчињата за прозори.
Копче за прозор = 2018 денари
Ретровизор = 2150 денари
Навртки за фаровите = 1887
Рака = 328 денари
Вкупно = 6474 денари.