После 5 месечна пауза да пишеме што се случуваше во меѓу време...
Променето е афтер маркет радиото JVC KD-R 511 со ОЕМ радио со команди на волан, кое го набавив од брамовск.


Пронајден е кабелот за командите на волан
Следи монтажа на AUX кабел и блутут. (Ќе има слики наскоро)
Извршен сервис на 115.000 км. со промена на:
Масло, филтер за масло, филтер за нафта, филтер за полен, филтер за воздух, сет ребраст без водна пумпа.
Набавен средишен наслон за рака и монтиран.
Фаза на монтирањето:
Купен
И почна демонтажата на старата централна конзола

Вадење на палката на менувачот:




Одстранување на горниот дел од пластиките , но не насилно бидејќи кабелот за запалката е поврзан за оваа пластика па внимателно да не се извлече тој:



И дојдовме до штрафовите кои треба да се одвртат

Почнавме со рестурање на останатите пластики

Па отштрафување


За да се дојде до задните штрафови е доволно само да се бутнат предните седишта нанапред до крај:



И коа ќе се отштрафат тие 4 штрава само се подига задниот дел од конзолата малку посилно бидејќи е на запци и време е за смукање на ѓубрето што се собирало со години.

Двете конзоли една до друга

Во меѓувреме убаво испран тапацирот од држачот и монтажа на истиот и еве како испадна:





Се на се се задоволен од резултатот, цена на чинење 1500 ден

Следен апдејт темпомат.