Update:
14 ноември направен е редоовен сервис на 193,200 км, во сервисот е опфатено промена на Масло, филтер масло, филтер фоздух, комплет плочки, глицерин и греачи.
Има еден сериозен проблем ооколу греачите а тоа е дека 2 се тотално запечени и не се вадат еден од тие 2 не работи, тоест покажува грешка на дијагностика за него.
Чаре не знам кое е мајсторот се нафаќа да проба да го вади со моја доозвола/ризик зошто ако скине греачот ќе треба да се вади глава за да се заврши работата. Му реков да не пипа, ќе видиме понатаму.
Зимава вергла осетно потешко, дали е до греачите дали е до акумулатор не знам акумулаторот е нов Ексајд., а не е некоја јака зима, лани да речеме пократко верглаше а каде каде беше појака зимата
Ксенон фаровите се најпаметно нешто што е инвестирано во колата после cruise control-от.
Проблеми до сеа со фаровите нема туку имаше проблем со една сијалица која почна да трепка сијалицата е модел d1s и е со доста солена цена но тоа ми беше предвиден трошок. Ксенон сијалици се мењаат во пар па затоа промената ме кошташе 100 евра.
Сијалиците и монтажата се изврши во дог сеќурити крајно професионално, го кажувам ова бидејќи за промена на сијалиците се демонтира браник, патем промената на сијалиците ги сменивме и моторчињата за нивелација од старите фарови и сега имам нивелација како претходно.
Мегането имаше мала незгода кај паркингот на Нова Железничка, таксист од тие обезправените и борците за соживот одејќи рикверц го собра браникот
Па се накотија ко племе нејќеше да признае вина и со закани дека ќе ме згазат ако сакаат ме уценуваа да му дадам пари да потпише европски, така и бидна. Среќа се помина како што треба и штетата е мала.
Пред 4 дена помина 11 регистрација по ред, остаре мегането 11та година ја тера ама одлично е за сеа, регистрацијата не е ни 6000 денари комплет имајќи во предвид дека колата е ослободена од јавни патишта.
Тоа е тоа за сега, уште некој км и 200.000 км ќе праиме.