Шпедицијата ти пиши фактура на влез во Македонија, кога дремиш на терминалот додека ти ги средат документите. Таа фактура, спроводница, илиштоидае се издава врз база на купопродажниот договор и документите на возилото. Затоа што, кога го регистрираш во Германија го регистрираш на твое име. Имињата на претходниот сопственик фигурираат само во старата сообраќајна. Новата сообраќајна која ти ја издаваат во Германија гласи на твое име и е сврзана со твоите лични податоци (ако ти си тој што ја има купено колата во Германија, и ја има донесено до Македонија).
Ако некој ја има донесено на плац, треба да си ги досредат документите тие, а не ти. Затоа, не е пожелно на купување коли од надри-дилери-џамбази со предзнак до регистрација.
Ако ја имаш купено од плац-фирма нека ти напишат фактура и пробај уште еднаш.