Автор Тема: Регистрација и технички преглед  (Прочитано 419741 пати)

Отсутен Mercury

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 799
  • Т(д)ркач
Одг: Регистрација и технички преглед
« Одговори #645 на: 25 Октомври 2016, 16:40:34 pm »
Не се поминува на технички при продажба,јас само сообраќајната им ја дадов.Ја преправија на мое име и толку беше

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 18148
  • Giulietta QV 1750 TBi
    • Instagram
Одг: Регистрација и технички преглед
« Одговори #646 на: 25 Октомври 2016, 18:26:52 pm »
Денес правев промена на сопственост (вадев нови таблици) за колата, од проверки ми извршија само проверка на бројот на шасија и напомена дека колата е црвена. ;D Друго ништо.
What I daily drive (and daily fix):
2012 Alfa Romeo Giulietta QV 1750 TBi | 230hp 🍀

Отсутен Power to the people

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7379
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Регистрација и технички преглед
« Одговори #647 на: 26 Октомври 2016, 07:50:09 am »
E кај мене и кодот на моторот го проверија, малку се помачија дури да го најдат само.

Изгледа зависи од луѓето на технички, кој колку сака/нејќи да се замара.

Отсутен Allexxander

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5860
Одг: Регистрација и технички преглед
« Одговори #648 на: 11 Ноември 2016, 16:13:41 pm »
Дечки доколку сопственикот на возилото на кого гласи сообраќајната смени адреса на личната карта, дали е задолжително одма да ја промени и сообраќајната, дали прават проблем или може коа ќе дојде регистрација па тогаш...?

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15247
  • Пудингот на шоферството
Одг: Регистрација и технички преглед
« Одговори #649 на: 11 Ноември 2016, 16:54:45 pm »
Кој ке ти провери тоа па да прави проблем.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен Дибидус

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1758
  • Veritas Vos Liberabit
Одг: Регистрација и технички преглед
« Одговори #650 на: 11 Ноември 2016, 23:49:03 pm »
Еве што вели Законот за возила:

                                      Член 33
                   Издавање на сообраќајна дозвола

(Ставовите 1 до 9 намерно ги изоставив)

(10) Секоја измена која влијае на промена на податоците во сообраќајната дозвола, кои се однесуваат особено на: технички промени на возилото, промена на сопственоста, промена на адресата на живеење, одјавување на возилото и слично, сопственикот е должен во рок од 15 дена од денот на настанување на промената да ја пријави во Министерството за внатрешни работи или кај правното лице за регистрација на возила според местото на регистрација на возилото или според живеалиштето, односно седиштето на сопственикот. Кон пријавата за промена, сопственикот на регистрираното возило е должен да приложи и докази со кои ја докажува настанатата промена.
(15) Глоба во износ од 200 евра во денарска противвредност ќе му се изрече запрекршок на сопственик на возило што постапува спротивно на одредбите од ставовите (9) и (10) на овој член.

Во пракса никогаш не се знае на каков жацо ќе налеташ. За 200-300 ден колку што е нова СД не се исплати да возиш под стрес.
Brains are awesome. I wish everybody had one.

Отсутен kalimero

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1914
Одг: Регистрација и технички преглед
« Одговори #651 на: 12 Ноември 2016, 08:20:42 am »
Дечки доколку сопственикот на возилото на кого гласи сообраќајната смени адреса на личната карта, дали е задолжително одма да ја промени и сообраќајната, дали прават проблем или може коа ќе дојде регистрација па тогаш...?
Treba da se smeni ama u princip ne pravat problemi, ali pri registracija ke mora da smenis.

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Одг:
« Одговори #652 на: 12 Ноември 2016, 11:42:03 am »
Ако е промената на адресата заради промена на име на улицата не треба.

Sent from my Huawei P9


Отсутен Бузуки

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6315
Одг: Регистрација и технички преглед
« Одговори #653 на: 17 Ноември 2016, 01:54:00 am »
Утре треба да појдам да го регистрирам кавасакито.. Понеделникот бев и 3/4 дена требало да се чека.. Па ми кажаа тогаш да платам осигурување...

Е сега дали е можно некако сега да го регистрирам а здравје на пролет да го осигурам или па за да го регистрираш мораш полиса да имаш (осигурување) . ?

Отсутен DimitarMK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1991
Одг: Регистрација и технички преглед
« Одговори #654 на: 22 Ноември 2016, 01:47:04 am »
Дечки ај совет. Бубата веќе скоро цела ја распродадов на делови. Само делот каде што го пишува бројот на шасија ќе го чувам. :D Документите нема да ги продавам за некој да прави далавери. Дали да одам во МВР да го одјавам возилото или? Едната таблица е изгубена, дали ова би претставувало проблем?

Отсутен stavrov

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 519
Одг:
« Одговори #655 на: 23 Јануари 2017, 14:47:09 pm »
Дали ја има некој регистрирано колата оваа година? Јас ја регистрирав минатата недела но не ми е заверена сообраќајната, немаат налепници за 2017 година, и си ги возам документите во кола. Ми кажаа дека на ниво на цела држава немаат налепници и незнаат кога ќе има, не се нормални.

Sent from my SM-N910F using Tapatalk


Отсутен Дибидус

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1758
  • Veritas Vos Liberabit
Одг: Регистрација и технички преглед
« Одговори #656 на: 23 Јануари 2017, 14:53:01 pm »
Регистрација на кола во 100 чекори. ОСТВАРУВАМЕ.
Brains are awesome. I wish everybody had one.

Отсутен velkov

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 637
Одг: Регистрација и технички преглед
« Одговори #657 на: 23 Јануари 2017, 14:55:48 pm »
Секоја година ги изненадува јануари некако брзо и дојде и немат налепници.

Мене пак исто како и лани ми заверија сообраќајна и ми дадоа стара налепница и сега имам 2 2015 (жолти) 1 2016 (плава).

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30778
    • CARclub.mk
Одг: Регистрација и технички преглед
« Одговори #658 на: 23 Јануари 2017, 15:00:14 pm »
А зошто побогу ги чуваш старите налепници?

Иначе истото и мене ми се случи. И јас годинава добив плава  налепница. :D

Отсутен velkov

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 637
Одг: Регистрација и технички преглед
« Одговори #659 на: 23 Јануари 2017, 15:07:22 pm »
лани возев со две жолти демек така ќе избегнам сопирање со стара налепница - истечена регистрација

оваа година од брзање само ја додадов и плавата